Трајко Вељаноски
| Трајко Вељаноски | |
|---|---|
|
|
|
| Во служба 21 јуни 2008 [1] – во служба |
|
| Претседател | Бранко Црвенковски Ѓорге Иванов |
| Претходник | Љубиша Георгиевски |
| Наследник | нема |
|
|
|
| Роден(а) | 2 ноември 1962 Дебарца, СФРЈ денес |
| Националност | Македонец |
| Партија | ВМРО-ДПМНЕ[2] |
| Професија | правник, политичар |
| Вероисповед | Православен христијанин |
Трајко Вељаноски (р. 2 ноември, 1962 во Дебарца) е правник и политичар и осми по ред Претседател на Собранието на Република Македонија. Должноста ја врши од 2008 година. Член е на ВМРО-ДПМНЕ. Во собранието ги врши и должностите како претседател на Комисијата за уставни прашања и шеф на Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија.
Содржина |
Биографија [уреди]
На Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" ги завршува студиите по правни науки, а во 1988 година го полага адвокатскиот испит и истата година отвора самостојна адвокатска канцеларија. Како адвокат работи до почетокот на 1999 година. Оженет е и е татко на две деца.
Политичка кариера [уреди]
Своето политичко ангажирање Трајко Вељаноски го започнува во 1993 година со вклучувањето во ВМРО-ДПМНЕ. Неговото политичко дејствување е тесно поврзано со неговата професионална определба - правото и легилсативата. Така, повеќе години ја води Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, член е на Комисијата за политички систем, а исто така го води и Форумот за правни и политички прашања и судски систем на ВМРО-ДПМНЕ.
Во 1999 година е избран за потсекретар во Министерството за правда на Владата на Република Македонија, каде што набргу станува и заменик - министер. Притоа, посебено е активен во подготвувањето на закони, но има и активно учество во процесот на нивното донесување во Собранието и собраниските работни тела. Исто така, учествува во подготвките на повеќе меѓународни билатерални и мултилатерални договори, како и учество на меѓународни средби, коференции и семинари.
Во овој период е и член на Комисијата за претставки и предлози на председатлот на Република Македонија, а исто така е член и на Управниот одбор на Центарот за европски интеграции.
Во повеќе изборни циклуси, како што се председателските, парламентарните и локалните е ангажиран како член на Државната изборна комисија.
На парламентарните избори во 2006 година Трајко Вељаноски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и во тој мандатен период до април 2008 година е претседател на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. На изборите во јуни 2008 година повторно е избран за пратеник, а на конститутивната седница на новиот собраниски состав е избран за претседател на Собранието на Република Македонија.
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
|||||||||||