Шарл Валентин Алкан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шарл Валентин Алкан
Родено име Шарл Валентин Алкан
Роден 30 ноември 1813, Париз
Починал 29 март 1888, Париз
Националност французин
Поле композитор

Шарл Валентин Алкан (pronounced: [ʃaʁl valɑ̃tɛ̃ alkɑ̃]) (30 ноември 1813 - 29 март 1888) е француски композитор и еден од највиртуозните пијанисти на своето време. Неоговото еврејско потекло се гледа во неговите дела. Запишал Париски конзерваториум кога имал само 6 години. Освоил многу награди и станал познат виртуоз и учител. Се дружел со големи музичари и сликари како што се Ежен Делакроа, Франц Лист и Фредерик Шопен. Во 1848 година се повлекол од сцената и живеел осамен живот во Париз се до неговата смрт.

Музика[уреди]

Исто како и Шопен, Алкан во главно компонирал за инструменти со дирки, вклучувајќи ги оргулите и педалијерот. Некои негови дела бараат голем виртуозиет, брзина и водење на контрапункциската линија. Неговата музика се смета за доста тешка за изведување. Напишал две збирки етида кои по тежината се еднакви како Листовите на Трансцендеталните етиди. Многу негови идеи се невообичаени и доста иновативни. користел т.к. „прогресивен тоналитет“ кој подоцна го употребил и данскиот композитор Карл Нилсен. Пр. неговата соната „Четири времиња“ започнува во Д-дур, а завршува во Гис-Дур.

Техника[уреди]

Техниката на Алкан е доста карактеристична и може да се види во нековите композиции. Меѓутоа, оваа техника не одела на штета на музиката. Пример за тоа е неговиот Ноктурно во Б-дур Ор. 22. По неговото изведување на Бах на педалиера, д’Енди рекол: „Слушав, заледен на местото, изразито, кристално чисто свирње.“