Оран
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Оран (арапски: وهران, Вахран), со население од 700,000 жители, е град во северозападен Алжир, лоциран на брегот на Средоземното Море. За време на француското владеење во Алжир, Оран бил префектура. Денес градот е седиште на провинцијата Оран (вилаја).
Оран бил основан во 10 век од мурските андалузиски трговци, но бил окупиран од Шпанците на чело со кардиналот Циснерос во 1509. Шпанското владеење траело до 1708, кога градот бил освоен од Отоманците. Шпанската власт била воспоставена повторно во 1732. Како и да е, вредноста на градот како трговско пристаниште се намалила, па затоа кралот Чарлс IV Шпански го продал градот на Турците. Отоманското владеење траело до 1831, кога Оран потпаднал под Франција.
