Браќа Карамазови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Браќата Карамазови“  
Карамазови.jpg
Корица на македонскиот превод на „Браќа Карамазови“ во издаваштво на Табернакул.
Автор Фјодор Достоевски
Наслов на
оригиналот
Братья Карамазовы
Преведувач Димче Биљаноски и други.
Земја Русија
Јазик руски
Жанр(ови) филозофска
Издавач Руски весник (како серијал)
Издадена ноември 1880
Медиум печатено
Страници 1.044 (Табернакул)
Претходна Нежно суштество
Следна Дневникот на писателот

Браќата Карамазови (руски: Братья Карамазовы) е последниот роман на рускиот писател Фјодор Достоевски. Достоевски овој роман го пушувал околу две години, и истиот бил објавен како серијал во списанието „Руски весник“. Романот бил завршен во ноември 1880 година. Според идејата на Достоевски, романот требало да биде прв дел од епската сторија именувана како „Животот на еден голем грешник“,[1], но тој умрел четири месеци по издавањето на „Браќа Карамазови“ и со тоа идејата не била реализирана.

„Браќа Карамазови“ е страстна филозофска книга која длабоко навлегува во етичките дебати за Господ, слободната волја и моралот. Приказната е спиритуална драма за моралната борба меѓу верата, двоумата и причината во модернизирана Русија. Достоевски ја напишал книгата во Стараја Руса, каде и се одвива приказната. Уште од нејзиното објавување, романот бил сметан за врховно достигнување на книжевноста, и на тоа мислење биле, меѓу другите, и Сигмунд Фројд,[2] Алберт Ајнштајн,[3] Лудвиг Витгенштајн,[4] Мартин Хајдегер,[5] Кормак Мекарти[6] и Курт Вонегут[7]. Книгата е преведен на македонски и на голем број светски јазици. Романот е составен од дванаесет книги поделени на поглавја. Последно поглавје на романот е епилогот. Иако романот е напишан во 19 век, во него има поглем број современи елементи од општествениот живот.

Позадина[уреди]

Манастирот Оптина.

Вез Достоевски и неговото творештво влијаеле религијата и филозофијата. Во мај 1878 година, тригодишниот син на Достоевски умрел од епилепсија, наследна болест од татко му. Жалоста на писателот е присутна во романот и ликот Алјоша е именуван во чест на неговиот син.

Смртта на синот на Достоевски резултурала со посетување на Манастирот Оптина, истата година. Таму пронашол инспирација за неколку аспекти од книгата „Браќа Карамазови“, иако првично тој имал намера да пишува за детството. Дел од животот на Отец Зосима е базиран на „Животот на старецот Леонид“, текст кој го пронашол во манастирот Оптина и копирал „од збор до збор“.[8]

Во 1850-те години, за време на неговиот престој во Омск, тој сртнал три браќа кои го претставувале одличниот братски сојуз во трпение. Измислениот град Скотопригоневск најверојатно е базиран на Стараја Руса, каде Достоевски поминал добар дел од животот, поточно од 1872 до 1880.[9]

Ликови[уреди]

Фјодор Павлович Карамазов е таткото на Браќата Карамазови. Фјодор е 55 човек, опишан како „паразит“ и „кловн“ кој има три сина од два брака. Според гласините во округот, тој е татко на вонбрачно дете, Павел Фјодорович Смердјаков. Смердјаков бил вработен од Фјодор како слуга. Фјодор не изразува никаква желба и интерес кон своите синови, кои пак се израснати одделени еден од друг. Односите меѓу татково и синовите се една од главните теми на романот.

Дмитри Фјодорович Карамазов, познат и како Митја, Митка, Митенка или Митри, е најстариот син на Фјодор Карамазов, а воедно и единствено дете од првиот брак. За Дмитри се смета дека е сензуалист, слично како неговиот татко, кој троши големи суми пари за ноќи поминати со шампањ, жени и секој вид забава која може да се купи со пари. Дмитри стапува во контакт со неговото семејство во моментот кога има потреба од наследството од неговиот татко, за кое тој верува татко му му го задржува. Дмитри има најиспарлива врска со таткото од сите браќа, често ескалирајќи во насилство. Насилството често ескалира во врска со жената Грушенка, за која и таткото и синот пројавуваат желба. Иако Дмитри има добри односи со Иван (средниот брат), сепак тој има најблиски односи со Алексеј (најмладиот брат).

Иван Фјодорович Карамазов, познат и како Вања, Ванка или Ванечка, е средниот син на Карамазов и прв син од вториот брак на Фјодор. Тој е 24 годишен рационалист, особено вознемирен од бесчуствителното страдање во светот. Тој е опишан како високо интелигентен човек. Уште од раните години Иван е изолиран и недружељубив. Фјодор во едно исповедување на Алексеј изјавува дека тој повеќе се плаши од Иван одошто од Дмитри. Некои од најзабележителните делови од романот се во врска со Иван.

Алексеј Фјодорович Карамазов, познат и како Алјоша, Алошка, Алјошенка, Алјошечка, Алексејчик или Лјошенка, е најмладиот син на Фјодор. Алексеј е на возраст од 20 години и е втор син од вториот брак на Фјодор. Раскажувачот на романот го опишува Алексеј како херој на романот во воведното поглавје. Тој исто така е опишан како доста љубезна личност. Во почетокот на романот Алјоша е почетник (новак) во еден руски православен манастир. Неговата вера е во судир со атеизмот на брат му Иван. Неговиот претпоставен, Отец Зосима, го испраќа во светот каде се соочува со детали од неговото семејство.

Павел Фјодорович Смердјаков е слуга на Фјодор, за кој се смета дека е негов вонбрачен син. Тој е син на „Смрдливата Лизавета“, нема жена која живеела на улица и умрела при породување. Прекарот на Павел значи „смрдлив“ или „син на смдрлив“. Смердјаков израснал во куќата на Карамазови, како слуга и готвач. Тој е недружељубив и намуртен и најверојатно пати од епилепсија. Општо гледано, Смердјаков се воодушевува на Иван и се на исто мислење кога е во прашање атеизмот.

Катерина Иванова Верховцева, наречена и Катја, Катка или Катенка, е вереница на Дмитри, иако тој јавно пројавува желба и интерес за Грушенка. Веридбата со Дмитри е прашање на гордост од двете страни. Дмитри позајмил пари на таткото од Катарина, додека пак таа има голема гордост и тежнее да дејствува како благороднички маченик. Поради тоа, таа не може да ја изрази симпатијата кон Иван и постојано создава бариери меѓу нив. Кон крајот на книгата и Катерина запичнува вистинско и реално душевно прочистување.

Аграфена Александровна Светлова, наречена и Грушенка, Груша и Грушка, е млада 22 годишна мома, која има шарм и привлечност од машкиот род. Во нејзината младост таа била напуштена од еден полски офицер и таа подпаднала во закрила на еден тирански скржавец. Тоа предизвикало кај неа да се појави желба за независност и самоконтрола на нејзиниот живот. Таа изразила интерес и за Фјодор и за Дмитри Карамазов. Таа се труди да ги измачува и залажува и Дмитри и Фјодор. Сепак со започнувањето на пријателството со Алјоша, таа тргнува по друг пат.

Отец Зосима, Старецот е старец и духовен советник во манастирот и учител на Алјоша. Понекогаш тој се славел од луѓето како личност со проповеднички и исцелувачки способности. Тоа побудило и воодушевување и зависност од страна на другите калуѓери. Неговите учења му помогнале на Алјоша да се справи со младите момчиња надвор од манастирот.

Сиже[уреди]

Дел од оригиналното издание, трета книга, трето поглавје.

Романот "Браќа Карамазови" е филозофија in actu. Темата за човекот и Бога, верата и неверието, е општа тема на Достоевски. Тој е жеден да ги пронајде конечните вистини и апсолутните принципи на духовно-моралниот свет на човекот. Во дијалогот на Достоевски го нема Сократ, кој го води спорот кон неговото решавање и завршеток и токму затоа неговото творештво не може да се смести во ниедна рамка. Кај него човекот е претставен како арена на доброто и злото. Посебно живописно оваа тема е развиена во Браќата Карамазови - во патетичните зборови на Митја Карамазов, во спорот меѓу Иван и Аљоша, во Легендата за големиот инквизитор, во размислувањата на старецот Зосима. Тука копната се среќаваат, тука живеат заедно сите противречности... тука се бори ѓаволот со Бога, а полето на битката се срцата на луѓето – се вели во тој роман за човекот.

Достоевски се ужаснувал од способноста на човечката природа да ги смести во себе сите можни спротивности и наеднаш да се вгледува и во двете бездни, во бездната над нас, онаа на повисоките идеали, и во бездната под нас, онаа на најнискиот и зломирисен пад. "Широк е човекот, многу, многу е широк, јас би го стеснил" – тоа е крикот на Митја Карамазов кој во себе ги виде тие бездни. Основите на моралната вредност на религиозната вера се најјасно изразени во неговиот најпознат исказ: „Ако Бог не постои, тогаш сè е дозволено“.[10]

Филмски адаптации[уреди]

До денес биле направени неколку филмови за „Браќа Карамазови“, меѓу кои:

Наводи[уреди]

  1. Hutchins, Robert Maynard, editor in chief (1952). Great Books of the Western World. Chicago: William Benton.
  2. Freud, Sigmund Writings on Art and Literature
  3. The Collected Papers of Albert Einstein, Volume 9: The Berlin Years: Correspondence, January 1919 - April 1920
  4. Guignon, Charles. The Grand Inquisitor. ISBN 0-87220-228-3, introduction page ix, retrieved 26-10-10
  5. Schalow, Frank. Heidegger and the Quest for the Sacred: From Thought to the Sanctuary of Faith. ISBN 1-04-020036-7, p. 23, retrieved 26-10-10
  6. Kushner, David. "Cormac McCarthy's Apocalypse", Rolling Stone, December 27, 2007, retrieved 26-10-10
  7. Vonnegut, Kurt (January 12, 1999 Edition). „Slaughterhouse-Five“. Dial Press Trade Paperback. стр. 160. ISBN 978-0-385-33384-9. 
  8. Figes, Orlando (2002). Natasha's Dance, A Cultural History of Russia. New York: Picador. Page 325
  9. Piretto, Gian Piero (1986). „Staraia Russa and Petersburg; Provincial Realities and Metropolitan Reminiscences in The Brothers Karamazov“. „Dostoevsky Studies“ 7. http://www.utoronto.ca/tsq/DS/07/081.shtml. 
  10. „Браќа Карамазови“ на sakamknigi.mk

Користена литература[уреди]

  • Mochulsky, Konstantin translation by Minihan, Michael A. (1967). Dostoevsky: His Life and Work. Princeton: Princeton University Press.
  • Dostoevsky Studies: Kafka and Dostoevsky as "Blood Relatives." http://www.utoronto.ca/tsq/DS/02/111.shtml
  • Suzanne Fields (2005). „The new Pope, a good egg, Benedict. http://www.jewishworldreview.com/cols/fields042505.asp.  URL accessed on August 10, 2007
  • Terras, Victor (1981, 2002). A Karamazov Companion. Madison, WI: University of Wisconsin Press.
  • Figes, Orlando (2002). "Natasha's Dance, A Cultural History of Russia." New York: Picador.
  • The novel is referred to in the second season of the television series Lost (2005)
  • Dostoevsky, Fyodor translation by Pevear, Richard and Volokhonsky, Larissa (1990). The Brothers Karamazov. New York: Farrar, Straus, and Giroux.
  • Dostoevsky, Fyodor, translation by Garnett, Constance, revised by Matlaw, Ralph E. (1976, 1981). The Brothers Karamazov. New York: W.W. Norton.

Поврзано[уреди]

Портал „Литература

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Wikisource-logo.svg
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: