Идиот (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Идиот“  
Автор Фјодор Достоевски
Наслов на
оригиналот
Идиот[1]
Земја Русија
Јазик руски
Жанр(ови) роман
Издадена 1869
Медиум печатено
Претходна Коцкар
Следна Бесови

Идиот (руски: Идиот) е роман на Фјодор Достоевски. Романот бил за прв пат објавен како серија во списанието „Руски весник“ во периодот меѓу 1868 и 1869 година. Покрај некои други дела на Достоевски, „Идиот“ се смета за едно од најголемите книжевни достигнувања на „златната ера“ на руската книжевност. Книгата е преведена на повеќе светски јазици, меѓу кои и на македонски.

Вовед[уреди]

Овој роман го напишал во странство, надвор од својата обожавана и проколнувана Русија, истовремено соочувајќи се со еден од најтешките периоди во својот живот – изгубил многу пари на рулет (неговата најголема страст) и западнал во големи долгови, но за да биде судбината уште посурова – неговата тримесечна ќерка Софија (Соња) умрела на тримесечна возраст. Можеби токму затоа во овој роман провејува толкав гнев, најмногу преку ликот на Иполит.[2]

Кнезот Мишкин е епилептичар, како што бил и самиот Достоевски, и страда од постојани напади, иако се лекувал во Швајцарија. Него авторот го претставува како бескрајно добар и детски наивен, со што заслужил другите да го нарекуваат идиот. Тој е синтеза на најпозитивните човечки карактеристики, со таквите својства се оцртува како лик спротивставен на револуционерно настроената руска младина.[2]

Во “Идиот” повеќе отколку во сите негови дела, е претставена трагичната и невозможна љубов, која е невозможна само поради тоа што самите ликови прават да биде таква. Исто како и во другите негови дела, и во овој брилијантен роман Достоевски ја прикажува разновидноста на човековите карактери (добродушни, горди, надмени, површни...), но и судирот на доброто и злото внатре во самиот човек (ова е најдобро претставено преку ликовите на Рогожин и Настасја Филиповна).[2]

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikisource-logo.svg
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:
Викиизвор
Викиизворот на руски има изворна содржина поврзана со оваа статија: