Портал:Книжевност

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Портал:Литература)
книжевност: (портал, проект)  
уреди   

КНИЖЕВНОСТ

Книжевност или литерату́ра — во широка смисла општо означува збир зборовни текстови. Зборот „литература“ како заеднички поим се однесува на било која пишана форма, од есеи до поезија, исто така се однесува и на целото книжевно дело во постоење, како во светски рамки така и во рамките на една издвоена култура.

уреди   

Избрана статија

Персиската литература (на персиски: ادبیات پارسی) опфаќа два и пол милениуми, иако многу од предисламскиот материјал е изгубен. Нејзините извори често доаѓаат од далечни региони кои се надвор од границите на денешен Иран, бидејќи персискиот јазик процветал и преживеал и во региони на Средна Азија. На пример, Руми, еден од најсаканите персиски и исламски поети пишувал на персиски, но живеел во Конија, денес во Турција, а тогаш главен град на Селџуците. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрано дело

Сердарот (грчки: Ο Αρμάτωλος) е најпознатото дело на македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев. Делото е напишано во 1860 година, а на 25 март истата година тоа учествува во натпреварот за најдобра поема на грчки јазик (што секоја година се одржувал во Атина), и ја добива наградата „Ловоров венец“, како и парична награда. Поради силниот впечаток што ја оставила оваа поема, Прличев бил наречен „Втор Хомер“. Наградата не останува долго во негови раце, затоа што одбива да се изјасни како Грк, и да ја прифати стипендијата за студии во Берлин или Оксфорд. Прочитајте повеќе

уреди   

Дали сте знаеле...

уреди   

Награди за книжевно творештво

уреди   

Клучни статии

уреди   

Избрана биографија

Александар Сергеевич Пушкин (рус. Александр Сергеевич Пушкин, 6 јуни [ст. ст. 26 мај] 1799 — 10 февруари [ст. ст. 29 јануари] 1837) е руски романтичарски автор кој многу луѓе го сметаат за најголемиот руски поет и основачот на модерната руска литература. Пушкин бил првиот кој го употребувал разговорниот јазик во неговите поеми и претстави, создавајќи притоа стил на раскажување помешано со драма , романтика и сатира. Тоа раскажување отсекогаш било асоцирано со руската литература и имало големо влијание на руските автори. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрани цитати

Постојат поголеми злосторства од палење книги. Една од нив е нивното нечитање.

Јосиф Бродски

Сѐ тргна наопаку; луѓето почнаа да се мразат преку ноќ, одеднаш... постојат големи луѓе и можеби војната беше онаа која ми помогна да сфатам кои се вистински луѓе, а кои се ѓубриња.

Маријан Бенеш

уреди   

Категории

Не е пронајдена категорија Литература
уреди   

Поврзани портали

уреди   

Книжевноста на останатите вики проекти...

Викивести     Викицитат     Викимедиа     Викикниги    
Вести Цитати Слики Книги