Судење
Во правото, судење е настан во кој страните во еден спор презентираат информации (во форма на докази) во формално опкружување, обично суд, пред судија, порота или некој друг назначен пронаоѓач на факт, за да се постигне решение за нивниот спор.
Судење според пронаоѓачот на факт
[уреди | уреди извор]- Кога судењето се одржува пред група членови на заедницата, тоа се нарекува судење со порота.
- Кога судењето се одржува само пред судија, тоа се нарекува судење без порота. Судењата без порота вклучуваат помалку формалности и типично се решаваат побрзо. Покрај тоа, одлука во корист на едната страна во судење без порота често доведува до тоа другата страна да понуди спогодба.
Сослушувањата што се одржуваат пред управни тела може да имаат поголем број од одликите што ги има судење пред суд, но тие типично не се именуваат како судења.
Второстепена постапка исто така генерално не се смета за судење, затоа што таква постапка вообичаено е ограничена на повторно разгледување на доказите презентирани пред првостепениот суд и не дозволува воведување на нови докази.
Видови судење според видот на спорот
[уреди | уреди извор]Судењата можат да бидат поделени и според видот на спорот што е во прашање.
Кривично судење
[уреди | уреди извор]Кривичното судење е замислено да решава за обвиненија покренати од владата против лице обвинето за кривично дело. Во системите со прецедентно право, поголемиот број од обвинетите во кривична постапка имаат право на судење пред порота. Поради тоа што државата се обидува да ја употреби својата моќ за да го лиши обвинетиот од живот, слобода или имот, на обвинетите во кривичното судење им се дава поголема слобода да се бранат отколку на страните во граѓанска парница.
Граѓанско судење
[уреди | уреди извор]Граѓанско судење начелно се одржува за решавање на спор помеѓу приватни страни, (иако и владата може и да тужи како и да биде тужена во својство на граѓанин, во некои земји).
Управно сослушување и судење
[уреди | уреди извор]Иако управните сослушувања вообичаено не се сметаат за судења, тие задржуваат многу елементи што можат да се најдат во “поформални“ судски опкружувања. Кога спорот оди во судско опкружување, се нарекува управно судење, за разгледување на управното сослушување, во зависност од судската надлежност. Видовите спорови што се разгледуваат во вакви сослушувања се управувани од управното право и дополнително од законот за граѓанско судење.
Судење во областа на работната сила
[уреди | уреди извор]Законот за работна сила (исто така познат како закон за вработување) е збир на закони, управни одлуки и преседани што се однесуваат на законските права и ограничувања врз работниците и нивните организации. Како таков, тој влијае врз многу аспекти на односот меѓу синдикатите, работодавците и работниците. Во Канада, законите за вработување што се однесуваат на синдикално организираните работни места се разликуваат од оние што се однесуваат на конкретни поединци. Сепак, во поголемиот број земји не се прави таква разлика. Меѓутоа, има две широки категории на закон за работна сила. Прво, законот за работна сила што се однесува на колективот всушност се однесува на тројниот однос меѓу работникот, работодавецот и синдикатот. Второ, законот за работна сила што се однесува на поединецот се интересира за правата на работниците на работното место и оние што произлегуваат од договорот за работа. Работничкото движење имало важна улога во донесувањето закони што ги штителе правата на работната сила во 19 и 20 век. Правата на работната сила се составен дела од општествениот и економскиот развој од индустриската револуција.
Судење
[уреди | уреди извор]Судење како збор означува изречување на правдата од одредени лица и одредени критериуми.На некој судења казната е парична,на некој затворска,а на некој со опомена.
Форма на судењето
[уреди | уреди извор]Има два примарни системи за водење на судење:
- Адверзативен: Во системите со прецедентно право, за донесување одлука виновен или не е виновен се користи адверзативен или инквизиторен пристап. Се претпоставува дека поверојатно е дека вистината ќе излезе на виделина од отвореното спротивставување на обвинителството и одбраната при презентирањето докази и противставување на правни аргументи со судија кој врши функција на објективен судија и арбитер на законот. Во неколку судски надлежности во посериозни случаи, има порота што треба да ги утврди фактите, иако некои судски надлежности со прецедентно право го укинаа судењето со порота. Ова ги поделува работите, со тоа што секој противник дејствува во сопствениот личен интерес при што ги презентира фактите и толкувањата на законот на смислен пристрасен начин.
Замислата е преку процес на аргументирање и контра-аргументирање, формално испрашување на обвинетиот и вкрстено испрашување, секоја страна да ја тестира искреноста, релевантноста и дали има доволно количество докази и аргументи презентирани од страна на спротивната страна. За да се зачува правичноста, постои претполагање на невиност, а товарот на докажување паѓа на обвинителството. Критичарите на системот тврдат дека желбата да се победи е поважна од потрагата по вистината. Покрај тоа, постои веројатност структурните нееднаквости да влијаат врз резултатите. Оние обвинети што имаат средства можат да си дозволат да платат подобри адвокати.
- Инквизиторен: Во правните системи со граѓанско право, одговорноста за надгледување на истрагата на полицијата за тоа дали било извршено кривично дело паѓа врз истражниот судија или судијата кој потоа раководи со судењето. Претпоставката е дека поверојатно е дека вистината ќе излезе на виделина од непристрасна и исцрпна истрага како пред судењето така и во текот на самото судење. Истражниот судија или судијата што раководи со судењето врши функција на иследник кој управува со процесот на собирање факти преку испрашување сведоци, испитување на осомничениот и преку собирање други докази. Адвокатите што ги претставуваат интересите на Државата и обвинетиот имаат ограничена улога да понудат правни аргументи и алтернативни толкувања на фактите што произлегуваат во текот на процесот. Од сите засегнати страни се очекува да соработуваат во истрагата преку одговарање на прашањата на истражниот судија или судијата што го води судењето и кога ќе се побара од нив да ги прибават сите релеванти докази. Судењето се одржува дури откако ќе се соберат сите докази и откако ќе се заврши истрагата. Според тоа, поголемиот број од фактичките неизвесности ќе бидат речиси решени, а истражниот судија или судијата што го води судењето веќе ќе има утврдено дека постои прима фацие (prima facie) на вина, односно основана вина. Судењето не е ништо повеќе од јавно решавање на тековната истрага при што обвинетиот го има товарот на побивање на претполагањето на вина. Критичарите тврдат дека истражниот судија или судијата што го води случајот има преголема моќ доколку тој или таа во исто време истражува и пресудува за случајот. Иако нестручните порценувачи седат како порота за да му понудат совет на истражниот судија или судијата што го води случајот на крајот од судењето, нивната улога е споредна. Покрај тоа, поради тоа што некој професионалец е задолжен за сите аспекти на случајот сè до крајот на судењето, постојат само неколку можности да се поднесе жалба против пресудата наведувајќи дека постоела некоја процедурална грешка.
Првите знаци за судење датираат од раниот 18 век, ве молиме погледнете и Бесење.
Поништени судски процес
[уреди | уреди извор]Судија може да го прекине судењето пред донесувањето на пресудата; правната терминологија ова го означува како поништен судски процес.
Судија може да прогласи поништен судски процес поради:
- Констатирање на судот дека нема надлежност врз случајот,
- Несоодветно прибирање докази,
- Непристојно однесување на некоја страна, поротник или надворешен чинител, доколку тоа го попречува навремениот процес,
- Неодлучна порота што не може да донесе пресуда со бараниот степен на едногласност,
- Дисквалификација на поротник откако ќе се состави поротата, доколку нема алтернативен поротник, а страните што учествуваат во спорот не се согласуваат да продолжат со останатите поротници.
Прогласување на поништен судски процес генерално значи дека судот мора да одржи повторно судење за истиот предмет.
Значаен исклучок се прави во кривични случаи во Соединетите Американски Држави. Доколку судот погрешно прогласи поништен судски процес, или доколку лошото однесување на обвинителството го принудил обвинетиот да предложи поништување на судскиот процес, тогаш заштитата што ја дава Уставот на САД против двоен ризик забранува повторно судење; така што судското гонење мора да се прекине.
Други видови судења
[уреди | уреди извор]Некои други видови постапки за решавање конфликти исто така се изразени како судења. На пример, Уставот на Соединетите Американски Држави наложува дека, по отповикување на Претседателот, судија или некој друг федерален службеник од страна на Претставничкиот Дом, субјектот што се отповикува може да биде отстранет од функција само преку судење во Сенатот. Порано споровите често се решавале преку судење со мачење, при што страните требало да издржат физичко мачење за да ја докажат својата правина; или преку судење со борба, во кое победникот во физичката борба се сметал за праведен во својот случај.
Судењето како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Еро и кадијата“ (српски: Еро и кадија) - српска народна приказна.[1]
- „Судењето на убиецот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[2]
- „Судијата од Заламеја“ (шпански: El alcalde de Zalamea) - драма на шпанскиот писател Педро Калдерон де ла Барка од 1643 година.[3]
- „Продолжување“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[4]
- „Внимателност“ — кус расказ на Томас Берхнард од 1978 година.[5]
- „Истовремено“ — краток расказ на македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски од 2019 година.[6]
- „Сепак сме светлина“ — кус расказ на македонскиот писател Стефан Марковски.[7]
- „Во селскиот суд“ — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан.[8]
- „Вир“ - расказ на Ги де Мопасан.[9]
- „Чудна пресуда“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.[10]
- „Поротник“ - расказ на чешкиот писател Карел Чапек.[11]
- „Судењето во Нирнберг“ (англиски: Judgement at Nuremberg) - американски филм од 1961 година, во режија на Стенли Кремер.[12]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Упатувања
[уреди | уреди извор]Садакат Кадри, Судење: Историја, од О.Џ. Симпсон (Рендом Хаус-Random House, 2005г.)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Famous trials Архивирано на 27 јули 2010 г. by the UMKC
- ↑ Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 151.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 62.
- ↑ Nikola Milićević, „Između sna i jave“, во: Pedro Kalderon de la Barka, Život je san. Beograd: Rad, 1977, стр. 122.
- ↑ Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 76.
- ↑ Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 149.
- ↑ Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 43.
- ↑ Очудувања 1-2. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 135-139.
- ↑ „У сеоском суду“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 264-270.
- ↑ „Вир“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 169-178.
- ↑ Ванчо Николески, Чудотворен кавал, Мисла, Наша книга, Детска радост, Култура, Македонска книга, Скопје, 1993, стр. 18-20.
- ↑ Карел Чапек, Раскази од другиот џеб, Темплум, Скопје, 2012.
- ↑ HRT, Suđenje u Nürnbergu, američki film (12) (1961.) (пристапено на 9.5.2020)