Ванчо Николески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ванчо Николески
Ванчо Николески.jpg
Роден(а) 10 јуни 1912
Црвена Вода, Охридско
Починал(а) 15 април 1980
Охридско
Занимање писател за деца и млади
Националност Македонец

Ванчо Николески (Црвена Вода, Охридско, 10 јуни 1912 - Црвена Вода, Охридско, 15 април 1980) — македонски писател, претставник на првата повоена генерација македонски писатели за деца и младина.

Биографија[уреди]

Ванчо Николески е роден во село Црвена Вода - Дебарца, Охридско. Основно училиште завршува во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје. По завршувањето на учителска школа, тој учителствува во многу села низ Македонија.

По ослободувањето работи како новинар и уредник на весникот „Титов пионер“ и во детските емисии на Радио Скопје и Радио Битола. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1950 година.

Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои „Климент Охридски“ и „Младо поколение“. Преведуван е на сите југословенски јазици, и самиот се занимавал со преведување од српски и руски јазик.

Во негова чест Друштвото на писателите на Македонија ја доделува наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади.

Библиографија[уреди]

  • „Македонче“ (прва збирка песни за деца на македонски јазик, 1946)
  • „Мице“ (поема, 1947)
  • „Школско ѕвонче“ (песни, 1947)
  • „Прва радост“ (песни, 1947)
  • „Бабино вретенце“ (песни, 1948)
  • „Крај огниште“ (песни, 1948)
  • „Дедови приказни“ (песни, 1950)
  • „Шарено торбиче“ (песни, 1950)
  • „Татковина“ (песни, 1950)
  • Моето село“ (песни, 1950)
  • „Чуден свет“ (песни, 1952)
  • „Чудотворен кавал“ (раскази, 1952)
  • „Мојот ден“ (сликовница, 1952)
  • „Стани, Коле“ (песни, 1952)
  • „Братска дружба“ (приказни и бајки, 1953)
  • „Четиринаесет илјади ослепени“ (историска поема за времето на Цар Самоил, 1954)
  • „Приказни и бајки за деца“ (1955)
  • „Чудни случки“ (раскази, 1958)
  • „Цвета смета“ (сликовница, 1960)
  • „Волшебното самарче“ (роман, 1962)
  • „Приказни од моето село“ (раскази, 1964)
  • „Гоце Делчев“ (роман, 1964)
  • „Чуден дедо“ (песни, 1964)
  • „Под виорното знаме“ (роман, 1967)
  • „Приказни од волшебната куќичка“ (раскази, 1970)
  • „Малиот ловец“ (раскази, 1970)
  • „Станко спанко“ (песни, 1972)
  • „Ѕвездени вечери“ (песни, 1973)
  • „Рачко плачко“ (песни, 1973)
  • „Крвави години“ (хроника-роман)
  • „Жива книга“ (раскази, 1978)

Надворешни врски[уреди]