Педро Калдерон де ла Барка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Педро Калдерон де ла Барка
Pedro Calderón de la Barca 01.jpg
Роден 17 јануари 1600
Мадрид, Шпанија
Починал 25 мај1681
Мадрид, Шпанија
Занимање драматург, поет и писател
Правец Шпански златен век

Педро Калдерон де ла Барка (шпански: Pedro Calderón de la Barca, роден на 17 јануари 1600 во Мадрид - починал на 25 мај 1681 во Мадрид) е шпански драматург, поет и писател од ерата на Шпанскиот златен век.

Роден е во Мадрид и потекнувал од стар, но осиромашен аристократски род. Во Саламанка студирал канонско право, но неговото интересирање повеќе го привлекувала уметничката литература и затоа многу млад почнал да пишува драми. Калдерон поради своето потекло на 37-годишна возраст бил посветен за рицар во орденот (братството) Сантјаго. Тој учествувал во војната со Франција во 1638 година и во задушувањето на каталонското востание во 1640 година. На 50-годишна возраст примил свештенички чин и имал тесна врска со шпанскиот кралски двор.