Кривична постапка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Под „кривична постапка“ се подразбира законодавен процес за судско разгледување тужби за тоа дека некој го прекршил кривичниот закон.

Разлики меѓу граѓанско-правните и обичајно-правните системи[уреди | уреди извор]

  • Поголемиот дел од надлежностите на граѓанското право (вид. граѓанско право) работат според инквизиторниот систем (судот ја изрекува пресудата) при судско разгледување, судијата презема активна истрага врз обвинувањата така што ги испитува доказите и изготвува извештаи.
  • Во обичајно-правните системи, судијата, истражителите, и обвинителството се посебни функции. По завршувањето на истрагата и по поднесувањето пријава, истражниот судија заседава со судењето врз основа на адверсативниот систем на решавање расправи (пресудата ја донесува порота) систем во кој и обвинителството и одбраната подготвуваат аргументи кои ги претставуваат пред судот. Некои граѓанско-правни системи усвојуваат вакви постапки.

Предлагачите и на едниот и на другиот систем се обидуваат да сметаат дека нивниот систем најдобро ги брани правата на невиниот. Тенденција во обичајно-правните земји е да веруваат дека граѓанско-правните/инквизиторните системи ја немаат т.н „претполагање на невиност“ и не ја обезбедува одбраната со соодветните права. Спротивно, во земјите со инквизиторен систем постои тенденција на верување дека акузаторните постапки непрописно ги претпочитаат богатите оптуженици кои можат да си дозволат правни тимови, но се многу сурови кон посиромашните.

Основни права[уреди | уреди извор]

Денес, во многу земји со демократски систем (вид. демократија) во кој владее правото, кривичната постапка ја става одговорноста на докажување врз обвинителството. Со други зборови од обвинителството зависи дали ќе докаже дека обвинетиот е виновен, спротивно на тоа дека одбраната треба да докаже дека тој/таа е невин/а и дека секој сомнеж е разрешен во полза на обвиниетиот. Оваа одредба, позната како претполагање на невиност, се бара на пример во 46-те земји-членки на Советот на Европа (вид. Совет на Европа), согласно чл. 6 од Европската конвенција за човекови права, а вклучена и во други документи за човекови права. Сепак, во пракса, различно функционира во различни земји.

Слично, сите надлежности од ваков тип му даваат на обвинетиот право да се советува со правен застапник и на секој обвинет кој не може да си дозволи сопствен адвокат му обезбедуваат адвокат на товар на државата (којшто во некои земји се нарекува „адвокат доделен од судот“). Повторно, ефикасноста на овој систем во голем дел зависи од надлежностите. Во некои надлежности, адвокатите обезбедени за обвинетите кои се сиромашни, се или преоптоварени со работа или се помалку стручни, или може не се многу заинтересирани за случаите кои треба да ги бранат.

Разлики меѓу кривичната и граѓанската постапка[уреди | уреди извор]

Повеќето земји донекаде прават јасна разлика меќу граѓанските и кривичните постапки. На пример, во англискиот кривичен суд може да го принудат обвинетиот да плати глоба како казна за неговотo дело, а некогаш може ќе треба да ги судските трошоци на обвинителството. Додека жртвата на делото ја поднесува тужбата за обесштетување во вид на граѓанска, а не кривична постапка.[1] Во Франција, Италија како и многу други земји, жртвата на делото (позната како „оштетената странка“) може да и доделат отштета/обесштетување од страна на судијата на кривичниот суд.

Стандардите на докажување се повисоки во кривичната постапка отколку во граѓанската, бидејќи оној којшто губи ризикува да добие не само парични казни туку може да биде испратен и во затвор (или, во некои земји, да биде погубен). Во англиското право, обвинителството мора да докаже дека не постои оправдано сомневање во вината на престапникот, додека тужителот во граѓанска постапка треба да го докаже случајот врз основа на мнозинството докази.[1] Така, во кривичен случај, делото не може да се докаже ако лицето или лицата кои судат се сомневаат во вината на осомничениот и имаат причина (не само чувство или интуиција) за тоа сомневање. Но, во граѓански случај, судот внимателно ќе ги разгледува сите докази и ќе одлучи што е најверојатно.

Кривичната и граѓанската постапка се различни. Иако некои системи, вклучувајќи го и англискиот, му дозволуваат на приватно лице да поведе кривична постапка против друго лице, крвичните постапки речиси секогаш ги поведува државата. Од друга страна, граѓанските постапки секогаш ги поведуваат поединци.

Во англо-американското право, странката која што ја поведува кривичната постапка (во најголемиот број случаи, тоа е државата) се нарекува обвинителство, додека странката која што поведува граѓанска постапка се нарекува исто така обвинителство. И во обете постапки, другата странка е позната како обвинет, оптужен. Кривичниот случај против лицето со име Г-дин Санчес ќе биде опишано како „Народот против Санчес“ во САД, и „Кралицата против Санчес“ во Англија. Додека граѓанската постапка меѓу Г-ѓа Санчес и Г-дин Смит ќе биде „Санчес против Смит“ ако е поведена од Санчес, и „Смит против Санчес“ ако е поведена од Г-дин Смит.

Доказите од кривичното судење не се во секој случај допустливи како докази во граѓанска постапка поведена за иста работа. На пример, жртвата на сообраќајна несреќа директно не профитира ако возачот којшто го повредил е прогласен за виновен за делото несовесно возење. Тој сè уште мора да го докаже случајот во граѓанска постапка.[1] Всушност тој може да го докаже случајот во граѓанска постапка дури и тогаш кога возачот е прогласен за невин во кривичното судење.

Штом тужителот ќе докаже дека оптужениот е одговорен, главната расправа во граѓански суд е за сумата пари, или отштетата, која што оптужениот треба да му ја плати на тужителот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ричард Поувел (Richard Powell) (1993). Правото денес (Law today). Харлоу: Лонгман. стр. 34. ISBN 0-582-05635-7, 9780582056350. OCLC 30075861.