Бесови (роман)
| „Бесови“ | |
![]() |
|
| Автор | Фјодор Достоевски |
|---|---|
| Наслов на оригиналот |
Бесы |
| Преведувач | Бранко Варошлија[1] и други. |
| Земја | Русија |
| Јазик | руски |
| Жанр(ови) | филозофски роман |
| Издадена | 1872 |
| Претходна | „Идиот“ |
Демони или Бесови (руски: Бесы) е роман од Фјодор Достоевски издаден во 1872 година. Романот е со политичка тематика, која еден вид сведоштво за животот во Царска Русија во доцниот 19 век.
Како што револиционерните демократи земаат замав во Русија во тоа време, се појавуваат различни идеологи на политичкиот и општествен руски живот. Достоевски се осврнува и на двете големи политичко-идеолошки крила, левото, т.е. либералното, и десното, т.е. конзервативното крило. Преку книгата Достоевски ги прикажува левите идеали како „демонски“[2]. Книгата има пет главни идеолошки ликови, и тоа: Верховенски, Шатов, Ставрогин, Трофимович и Кирилов.
Деветтото поглавје од вториот дел од книгата бил цензуриран и оригинално не бил издаден. Тоа поглавје е со сексуално-престапен карактер и не било дозволено истиот да се испечати. Сепак во модерните изданија и преводи и ова поглавје е вклучено.
Содржина |
Вовед [уреди]
Романот се одвива во едно провинциско место во Русија, во близина на Санкт Петерсбург, односно на имотите на Степан Трофимович и Варвара Ставрогина. Синот на Степан Трофимович, Пјотр Верховенски, е револуционерен заговарач кој се обидува да организира круг на револуционери во областа. Тој го смета Николај Ставрогин, син на Варвара Ставрогина, како централна личност во сценариото бидејќи според Пјотр тој нема човечко чувство. Веховенски ги прибира заговарачите од типот на Шигалјов, Кирилов и Виргински и ја тестира нивната лојалност со тоа што им наредува да го убијат Иван Шатов. Веховенски планира да го придобие Кирилов, кој пак се согласува за соработката и така Верховенски го убива Шатов. Во тој момент неговиот план се срушува.
Ликови [уреди]
- Николај Всеволодович Ставрогин
- Степан Трофимович Верховенски
- Пјотр Степанович Верховенски
- Лизавета Николаевна
- Шигалјов
- Иван Шатов
- Варвара Ставрогина
- Липутин
- Капетан Лебједкин
- Федка Осуденикот
- Маврики Николаевич Дроздов
- Марија Тимофеевна Лебједкин
- Бискуп Тихон
- Алексеј Нилич Кирилов
Наводи [уреди]
- ↑ Бесови од Фјодор Достоевски
- ↑ The introduction of Demons Trans. Pevear and Volokhonsky. New York: Vintage Classics, 1995
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Целосно сиже на книгата на англиски
- Демони, бесплатно на Проектот Гутенберг. на англиски
|
|||||||||||||||||||||


