Двојник (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Двојник - прво издание

Двојник (руски: Двойник) — роман на рускиот писател Фјодор Михајлович Достоевски, тој е втор роман на Фјодор М. Достоевски. Првпат е објавен во 1846 година во списанието „Татковински записи“[1].

Содржина[уреди | уреди извор]

Во Двојник, раскажувачот прикажува човек чиј живот е пред пропаст. Овој човек - двојник се обидува да ја уништи репутацијата на главниот јунак и позицијата на неговиот јавен живот во руската бирократија и во социјалниот круг. Но, романот може едноставно да се гледа и како документација за шизофренијата, отцепувањето од реалноста со реален опис на симптомите на ментална дегенерација. Најочигледен пример е халуцинациите, каде што главниот лик се гледа насекаде каде што минува, особено во социјално вознемирувачки ситуации. Брзата смрт на тој човек е карактеристична за ваквите болести.

Во Санкт Петербург, Јаков Петрович Голјаткин работи како титуларен советник (9-ти ранг во Табелата на редови основан од Петар Велики), бирократ на ниско ниво, се бори да наптрдува.

Во „Двојник“ е најзабележливо влијанието на Николај Гогољ врз Достоевски; оттаму и неговиот поднаслов „Петербуршка поема“ кој асоцира на „Мртви души“. Владимир Набоков го нарекол ова дело, своевидна пародија на гоголевиот „Шинел“. Еден современ критичар, Константин Аксаков, забележал дека „Достоевски ги менува и целосно ги повторува фразите на Гогољ.“.

Оваа непосредна врска била и очигледна, манифестација во стилот на Достоевски преку кој, тој започнал да навлегува и во традицијата на германскиот романтизам, особено преку делата на Ернест Теодор Хофман.[2].

Критички осврт кон романот[уреди | уреди извор]

„Двојник“ е толкуван на повеќе начини. Покрај влијанијата на Гогољ во него се забележува одредена опседнатост со психосоцијалните мотиви кои ќе бидат доминантни во неговите подоцнежни етичко-психолошки дела.

Еден од главните мотиви во овој роман е уништувањето на поединецот од бирократијата и неслободното општество во кое живее.

Владимир Набоков, кој генерално го сметал Достоевски за „ прилично просечен “ писател за Двојникот, напишал дека е најдоброто дело на овој автор “, велејќи дека тоа е„ совршено уметничко дело “.[3].

Влијание[уреди | уреди извор]

Романот „Двојник“ со својата специфична оригинална содржина која ја истражува длабоката човекова психолошка состојба е своевиден нов литературен патоказ кој на крајот од XIX век ќе ја најави современата литература во многу сегменти. Неговите литературни белези ќе бидат присутни во творештвото на Франц Кафка, Семјуел Бекет а во делата на Хорхе Луис Борхес се најавува и како своевиден литературен „цитат“[4]. Двойник.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Full text of The Double in the original Russian
  • „Двойник“. Сетевое издание «Федор Михайлович Достоевский. Антология жизни и творчества». Посетено на 8 сентября 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  • „Первая прижизненная публикация в «Отечественных записках» (1846 г.)“. Сетевое издание «Федор Михайлович Достоевский. Антология жизни и творчества». Посетено на 8 сентября 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  • „Отдельное прижизненное издание Ф. Стелловского (1866 г.)“. Сетевое издание «Федор Михайлович Достоевский. Антология жизни и творчества». Посетено на 8 сентября 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  • Романот Двојник на англиски
  • Романот Двојник на руски