Недоразбирање (драма)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Недоразбирање“  
Kami.jpeg
корица на книгата
Автор Албер Ками
Наслов на
оригиналот
Le Malentendu
Земја Франција
Јазик Фрацуски
Жанр(ови) драма на апсурдот
Издавач библиотека Гилмард
Медиум Печатена

Недоразбирање е драма напишана од нобеловецот Албер Ками. Како трагедија која ги отсликува идеите на егзистенцијализмот, во „Недоразбирање“ се застапени слични елементи како и во „Странецот“ – безначајноста на егзистирањето, бесмислата на животот и изгубеноста на човекот во новото општество.[1][2] Оваа драма обработува иста тема со драмата „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле (објавена 1938 год.), а тоа е убиство на синот кој се вратил дома по долги години минати на печалба.

Ликови[уреди]

  • Јан - печалбар кој се враќа дома
  • Марта - сестрата на Јан
  • Марија - сопругата на Јан
  • Мајката
  • Старецот - служителот

Тек на драмското дејство[уреди]

Прв чин[уреди]

Дејството се случува во некое запустено, зафрлено место, поточно во еден мотел каде мајката и ќерка ѝ Марта издаваат соби на случајните, ретки минувачи. По 20 години минати на печалба, Јан, нивниот брат и син, се враќа во својот роден крај носејќи пари со кои планирал да ги усреќи своите најблиски. Отпрвин, на негово големо чудење, тие не го препознале, па дури му го наплатиле и пивото кое го испил. Спротивно на советите на неговата сопруга, Марија, тој се решава да не го открива својот идентитет, за да одблиску ги запознае карактерите и желбите на неговите мајка и сестра. Во овој чин се откриваат и изопачените нарави на двете сопственички на пансионот, кои ги ограбувале и убивале побогатите гости, со цел остварување на соништата на Марта за живот крај морето. Во меѓусебен договор, Мајката и Марта одлучуваат истата судбина да го снајде и Јан.

Втор чин[уреди]

Вториот чин се одвива во хотелската соба, каде низ дијалогот помеѓу Марта и Јан, на виделина излегува бездушната и ладнокрвна природа на Марта наспроти топлите и наивни карактерни црти на Јан. Егзекуцијата течела според планираното. Јан го испива чајот од кој паѓа во бессознание, а подоцна Марта и Мајката го фрлаат неговото безживотно тело во реката.

Трет чин[уреди]

Перипетијата и расплетот се случуваат во овој чин. Откако дознаваат кој навистина бил новодејдениот гостин, мајката паѓа во голем очај и се самоубива давејќи се во реката. Од друга страна, пак, Марта не покажува никакви емоции при дознавањето на целата вистина. Откако Марија, сопругата на Јан, загрижена од предолгото отсуство на нејзиниот сопруг ќе се распраша што станало со него, ќе остане вџашена и скршена од новонастанатата ситуација. Гледајќи дека не може да најде утеха во нечовечноста на Марта, таа го повикува Господ да и помогне. Господ се јавува во ликот на стариот домар, и решително и одговара: НЕ.

Наводи[уреди]

Користена литература[уреди]

  • Недоразбирање“ од Албер Ками
  • Модерната трагедија на Албер Ками“ од Јадранка Владова

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]