Салман Ружди

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Салман Ружди
Salman Rushdie in Poland, Warsaw, October 03 2006
Salman Rushdie, October 03 2006
Salman Rushdie, October 03 2006
Salman Rushdie, October 03 2006

Салман Ружди е писател и есеист. Познат е по своите прозни дела, во кои со помош на сопсвенитот наративен стил ги спојува фантазијата и митологијата со реалниот свет, и му дава нови димензии на магискиот реализам.

Живот[уреди]

Роден е во Бомбај, Индија 1947 година, во муслиманско семејство од средната класа. Неговиот татко се здобил со образование во Англија, па и самиот Ружди го завршил своето образование таму. Во 1964-та година неговото семејство се преселило во Пакистан во текот на муслиманскиот егзодус за време на војната меѓу Индија и Пакистан. По дипломирањето (1968) работел во Пакистан, во телевизија, а потоа се занимавал и со актерство и рекламирање.

Дело[уреди]

Својот писателски поход го започнува со романот Гримус во 1975-та година, кој претставува своевидна научно-фантастична приказна. Насловот на романот претставува анатрам од зборот симурт, што означува премудра прица од предисламската персиска митологија. Овој роман во најголем број на случаи помина незабележан кај читателската публика и критика, иако во него се содрчат голем броја на одлики од подоцнежната Руждиева проза. Сепак неговата следна новела, Деца на полноќта (1980), ќе го промовира како голем литературен автор, а самата книга ќе остане запаметена кај критичарите како можеби најдобра до денешни денови. За оваа книга подоцна ја добил Букеровата награда. Поради успехот на оваа книга, Ружди е приморан да ја напушто Индија поради заканите кој му се наметнуваат. Овие настани му носат голем публицитет и солидна продажба на книгите. Во такви услови го пишува романот Срам (1983), во кој со помош на историјата на едно семејство, дава слика за Пакистан. За овој роман во Франција, Ружди добива Награда за најдобар странски писател. Автор е и на уште десетина дела.

Сатански стихови[уреди]

Најголемата популарност ја стекнува со помош на контроверзните Сатански стихови во 1988. Книгата по издавањето ја забрануваат поголем број на земји меѓу кои Индија, Пакистан, Саудиска Арабија, Египет, Сомалија и други. На 14 јануари 1989 кгнигата церемонијално е запалена во Брадфорд, Англија. На 12 февруари истата година за време на протест во Исламабат, загинуваат петорица протестанти од полициски оган. Овие настани придонесуваат на 14 февруари, Салман Ружди да биде осуден на смрт од страна иранскиот духовен лидер, Хомеини. За две недели Хомеини објавува и награда, во износ од три милиони долари, за оној кој ќе му го одземе животот на Ружди. По ова Ружди го продолжува животот со голема заштита финансирана од Велика Британија.

Тривија[уреди]

Се појавува накратко во два филма. Првиот е филмот Другарите на Петар (1992) во кој само се појавува само како ја потпишува својата контроверзна книга Сатански стихови. Вториот е Дневникот на Бриџит Џонс, во кој им дава сдирекции на Хју Грант и Рене Зелвегер. Во 2004 година, Ружди се ожени по четври пат, овојпат со познатата индиска актерка и манекенка Падма Лакшми.

Надворешни врски[уреди]