Алесандра Амбросио

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алесандра Амбросио
Alessandra Ambrosio.jpg
Алесандра Амбросио во Армани, 9ти јуни, 2007, Њу Јорк Сити
Роден(а) Алесандра Каролин Амбросио
11 април 1981
Фрехим, Рио Гранде ду Сул, Бразил
Други имиња Али[1]
Сопруг(а/и) Џејми Мазур (вереник)
[[1] Официјална веб-страна]

Алесандра Каролин Амбросио (често спелувана без апостроф: родена 11 април 1981) е бразилски модел. Тајра Бенкс ја опиша како ”идниот светски модел”, Алесандра Амбросио е најпозната по нејзината соработка со Викторија Сикрет а е избрана и за рекламно лице за линијата на компанијата ПИНК. Амбросио е моментално една од ангелите на Викторија Сикрет и поранешно лице на британската компанија “Next”.

Покрај нејзината работа како манекенка, таа претставува национален амбасадор за Националното друштво за Мултиплекс Склероза. Таа е избрана од AskMen.com на второ место на листата за “99 најпосакувани жени во светот за 2008 година.

Детство[уреди]

Амбросио е родена во Ерехим, Бразил на 11 Април 1981 година. Нејзините родители кои имаат италијанско и полско потекло, поседуваат бензиска станица. Таа имала само 8 години кога одлучила дека сака да биде манекенка, откако видела слика од некоја манекенка, Карен Мулдер, на насловна страна од некој весник, и изјавила: “сакам да бидам како неа”. Таа на 12 години се запишала на часови по манекенство и на 14 години таа била една од 20 те финалисти за елитното модно натпреварување во Бразил. Амросио имала комплекс од нејзините клемпави уши па затоа на 11 години таа направила пластична операција од која подоцна имала некои компликации. Во 2006 година таа се појави на емисијата на Тајра Бенкс, каде што изјави дека имала лошо искуство со пластичната операција и тоа многу ја обесхрабрило за да направи друга пластична операција.

Манекенска кариера[уреди]

На 12 години, Амбросио се запишала на часови по манекенство, а подоцна на 15 години била манекенка за агенцијата Дилсон Штајн. По победата на бразилскиот Elite Model Look ја започна својата кариера како манекенка. Нејзиното прво успешно достигнување во нејзината манекенска кариера беше нејзиното појавување на насловната страна на бразилското списание “Ел”. Елит им го предаде нејзиното портфолио на агенцијата Guess, со што и овозможија таа да се појавува на многу ревии на Милениум и кампањи заедно со нејзината колешка и пријателка ,бразилската манекенка Ана Беатриз Барос. Оттогаш Амросио започна да работи со познати брендови и кампањи како Ревлон, Кристијан Диор, Џорџо Армани, Ролекс, Оскар де ла Рента, Гучи, Ескада, Роко Бароко, Калвин Клајн и Ралф Лорен, како и со Пилери Календар. Таа на модните писти ги претставуваше модните креации на дизајнери како Прада, Лаура Биаџиоти,Кристијан Лакроа, Шиатци Шен, Библос, Фенди, Иси Мијаки, Кензо, Кристијан Диор, Никол Милер, Ралф Лорен,Џорџо Армани, Вивијен Вествуд, и Оскар де ла Рента. Таа се појави и на насловните страници на над 50 меѓународни весници, вклучувајќи ги Космополитен, Ел, GQ, Харперс Базар, Мари Клер, Оушен Драјв, Вог, и беше и единствената манекенка која се појави на насловната страна на весникот Гламур во САД 2006 година.

Во 2004 година, Амбросио ја претстави својата модна линија на костими за капење наречена “Alessandra Ambrosio by Sais”, заедно со Роза Ча. Се продадоа 10.000 костми за капење само во првиот месец од нивното изложување на светскиот пазар.

Таа е најдобро позната по нејзината соработка со американскиот бренд за долна облека Викторија Сикрет. Таа во 2000 година за прв пат се појави на модната ревија на Викторија Сикрет. Во 2004 година таа беше избрана за првиот модел за рекламирање на линијата PINK на Викторија Сикрет. Во 2005 година таа се појави на модната писта за Викторија Сикрет, рекламирајќи долна облека направена од бомбони. По тоа,во 2008 година таа се здоби со големо внимание откако зачекори на модната писта веднаш после три месеци од раѓањето на нејзиното прво дете. Таа ја отвори ревијата наредната година. Таа како ангел на Викторија Сикрет се здоби со голема популарност од страна на јавните медиуми кои често ја нарекуваа “ најубавата и најсекси жени во цел свет”. Таа во мај 2007 година од страна на списанието People беше прогласена меѓу 100те најубави луѓе во светот, заедно со останатите нејзини колешки од Викторија Сикрет. Таа е е прогласена и за манекенка која најдобро заработува.

Амбросио беше и модно лице за британската компанија Next, која се појави на нивната телевизиска кампања на само 12 години. Таа има потпишано и со Сторм Модел Менаџмент во Лондон.

Во јули 2009 година, на насловната страна на списанието Мари Клер, Амбросио се појави со Саша Барон Коен за да го промовираат неговиот филм Бруно во 2009 година


Телевизиски гостувања[уреди]

Таа се појави на неколку телевизиски емисии, како на пр на HBO's Entourage заедно со Изабел Гуларт, The Late Late Show with Craig Kilborn; Late Night with Conan O’Brien; како гостин-судија на Проект Писта во втората сезона Team Lingerie и на емисијата на Тајра Бенкс каде што беше гостинка по втор пат. Таа се појави и со Регис Филбин во светска комерцијална реклама за Хамер Х2. Во 2006 година таа имаше мала улога во хит филмот Casino Royale, каде што глумеше тенисерка број 1.

Амбросио на 26 ноември се појави и во серијата How I Met Your Mother( во епизодата "The Yips") заедно со нејзините колешки од Викторија Сикрет Адријана Лима, Селита Ебанкс, Мариса Милер, Миранда Кер и Хајди Клум.


Приватен живот[уреди]

Таа е свесна дека добро изгледа и затоа постојано вежба и ја одржува својата линија со помош на нејзиниот личен бразилски тренер , со кој вежба бразилски вежби за подигнување на задникот, кои се машавина од самба, капоеира и аеробик.

Кога Амбросио за прв пат дојде во Њу Јорк, Жизел Бундхен и го отстапила својот стан на две недели а Андријана Лима и помогнала за англискиот јазик.

Таа ја опиша својата работна недела како патување од една земја во друга за да ја фотографираат за фото сесии а има и телефонски интервјуа. Таа се уште редовно ја посетува својата фамилија во Бразил,во нејзиниот роден град Ерехим за кој смета дека тоа е најубавото место на светот. Нејзина најдобра пријателка е нејзината колешка бразилскиот модел Ана Беатриз Барос. Амбросио и нејзиниот вереник, калифорнискиот бизнисмен Џејми Мазур го добија своето прво дете, ќерката Ања Луиз Амбросио Мазур, родена во Флорианополис, Бразил ,на 24 август 2008 година

Наводи[уреди]

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име aaofficial.

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: