Меѓународна организација на трудот
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Меѓународната организација на трудот (МОТ) е специјализирана агенција на Обединетите Нации која се занимава со прашањата поврзани со трудовата проблематика. Нејзиното седиште е во Женева. Основана е во 1919 година и во периодот до Втората светска војна е агенција на Друштвото на Народите. Во 1946 година МОТ станува прва специјализирана агенција на ОН. Во МОТ членуваат 179 земји од светот.
МОТ се залага за зајакнување на работничките права, за подобрување на работните и животните услови на работниците, за создавање на нови работни места и за обезбедување пристап до информации и обука. Една од основните функции на МОТ е воспоставување на меѓународни стандарди на заштита на работничките права.
МОТ има трипартитен состав, односно негови членови се претставниците на државите, синдикатите и работодавците.
Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1969 година.
[уреди] Надворешни врски
- Официјална страница на МОТ
- Меѓународната организација на трудот на македонски јазик
- Конвенции на Меѓународната организација на трудот кои ги има ратификувано Република Македонија
