Ѓоре Напески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓоре Напески
Роден/а11 април 1933
Прилеп, Кралство Југославија
ЗанимањеПисател

Ѓоре Напески (11 април 1933 - 4 мај 2007) — македонски поет и раскажувач.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Напески е роден во Прилеп на 11 април 1933 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како новинар во Радио Прилеп, а потоа во Радиотелевизија Скопје. Еден од основачите на списанието „Стремеж“ и негов долгогодишен главен и одговорен уредник. Член на ДПМ од 1963 година.

Објавени книги[уреди | уреди извор]

  • „Ловци на ветрот“ (поезија, 1965)
  • „Времетраење“ (поезија, 1975)
  • „Прилапон“ (поезија, 1982)
  • „Ден без власт“ (раскази, 1985)
  • „Плима“ (поезија, 1989)
  • „Меѓупростор“ (поезија, 1992)
  • „Објава“ (поезија, 1998)
  • „Дваесетшесмина“ (зборник во соавторство, 1972)

Добитник е на наградите: „3 Ноември“ (на градот Прилеп) и на СВП за необјавена песна (1965).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 174.