Ливадарка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ливадарка
Едногодишна ливадарка (Poa annua)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Монокотиледони
Нерангирано: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Фамилија: Треви
Потфамилија: Ливадарки
Род: Ливадарка
L.
Видови

околу 500 вида; вид. во текстот.

Стебленце на израсната ливадарка
Лигули на обична ливадарка (Poa trivialis)

Ливадарката (науч. Poa)[1] е род од околу 500 вида на треви од умерените појаси од обете полутопки. Родот спаѓа во потфамилијата Ливадарки (Pooideae) од фамилијата Треви (Poaceae).

Во родот има и едногодишни и повеќегодишни видови. Највеќето се двополови, но има и некои што се еднополови (посебни машки и женски растенија). Растението расте до висина од половина метар до метар, листовите му се тесни, свиени или рамни, а понекогаш четкасти. Основната обвивка е зарамнета, а некаде задебелена, со тап или качулкаст врв и ципеста лигула.

Одгледување и примена[уреди]

Многу од видовите имаат голема важност на пасиштата како храна за добитокот. Правата ливадарка (Poa pratensis) е најзастапената студеносезонска трева на тревници, спортски терени и игралишта за голф во САД.[2] Едногодишната ливадарка (Poa annua) напати се смета за коров, зависно од околностите.[3]

Според римскиот лекар Гален, корењата од извесни видови на ливадарка се добри за лекување на рани и крварење. Во XVI век ливадарките се користеле како лек за воспаление на бубрезите (нефритис).[4]

Некои видови се популарни градинарски треви во Нов Зеланд.

Видови[уреди]

Наводи[уреди]

  1. од грч. πόα = „трева, ливада“
  2. Dvorchak, Robert (13 јуни 2007). „Oakmont-inspired Stimpmeter allows USGA to accurately measure speed, consistency of putting surfaces“. Pittsburgh Post-Gazette. http://www.post-gazette.com/pg/07164/793591-382.stm. конс. 8 септември 2007. 
  3. Ohlendorf, B. (април 2003). „Annual Bluegrass Management Guidelines--UC IPM“. University of California. http://www.ipm.ucdavis.edu/PMG/PESTNOTES/pn7464.html. конс. 8 септември 2007. 
  4. Gerarde, John (1597). „The Herball or Generall Historie Of Plantes“. http://caliban.mpiz-koeln.mpg.de/gerarde/high/IMG_0496.html. конс. 11 јануари 2009.