Механизирано земјоделство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Римска кола за жнеење
Современ комбајн

Механизирано земјоделство — користење на земјоделска машинерија со цел за големо зголемување на производството. Денес машинеријата заменува многу задачи кои пред тоа биле изведувани од луѓе или животни како коњи, магариња или волови.

Историјата на земјоделството содржи многу примери за употребата на орудија, но само во последно време машините се користат во толку голема мера.

Првото механизирано земјоделско орудие, чија сила не доаѓала од човекот, бил плугот, придвижуван од животни. Измислен е во Стариот Египет и Месопотамија.

Оваа алатка била единствената механизација во земјоделството со илјадници години, сѐ до доаѓањето на земјоделската и индустриската револуција. Со исклучок на римските жетвени машини, измислени за жнеење на огромните поседи во Галија, овие направи ги придвижувале волови. Други земјоделски машини во античко време биле Пунската кола и Грчката санка - обете примитивни вршилки.

Денес во механизираното земјоделство, меѓу други возила, спаѓаат и авиони, хеликоптери, камиони и трактори.

Поврзано[уреди | уреди извор]