Винени

Координати: 40°46.35′N 21°2.20′E / 40.77250° СГШ; 21.03667° ИГД / 40.77250; 21.03667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Винени
Πύλη
Рушевини на црквата „Св. Никола“
Рушевини на црквата „Св. Никола
Винени is located in Грција
Винени
Винени
Местоположба во областа
Винени во рамките на Преспа (општина)
Винени
Местоположба на Винени во Леринскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°46.35′N 21°2.20′E / 40.77250° СГШ; 21.03667° ИГД / 40.77250; 21.03667
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаПреспа
Општ. единицаПреспа
Надм. вис.&10000000000000860000000860 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно89
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Винени (грчки: Πύλη, Пили, до 1926 г. Βίνενι, Винени)[2] — село во Преспанско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 89 жители (2001).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Долна Преспа, на самиот западен брег на Малото Преспанско Езеро. Сместено е недалеку од границата со Албанија, односно со македонската област Мала Преспа.[3]

Топонимија[уреди | уреди извор]

Ова е список на позначајните топоними во Винени и неговата околина:[4]

Винени, Виненски Ливадје, Виненско Поле, Виништа, Изворите, Оровска Река, Расипаната Црква, Сатеска Планина, Урвој Камен, Урида.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Остатоци од фрески на црквата „Св. Никола“.

Селото за првпат е посведочено во документи од XV век.[5] Во XV век во Винани по име се набројани 49 глави на домаќинствата.[6] Во XIX век селото сè уште било населено со Македонци, но бидејќи имало поволни услови, Албанците од с. Граждано насила ги приграбиле имотите во Винени и го истерале македонското население, кое било приморано да се пресели во Граждано. Со ова, Винени станало единственото немакедонско село во подрачјето.[3] Веќе на почетокот на XX век Винени било чисто арнаутско село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в селото живееле 155 Арнаути муслимани.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Винени (Vineni) имало 306 Албанци.[8] Боривое Милоевиќ нешто подоцна го спомнува Винени како село со 18 албански куќи.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По грчките окупации во Балканските војни и Букурешкиот договор, Винени во 1913 г. било припоено кон Грција, кога имало 224 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 202.[3]

Во 1924 г. албанското население на селото (202 лица), како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени 173 понтски Грци од Турција. Во 1928 г. Винени е заведено како село со 97 жители од 24 семејства — сите грчки доселеници.[9] Во 1940 г. во него се попишани 207 жители.[3]

За време на Грчката граѓанска војна селото било напуштено, а неговото население се населило во побогатото село Оровник од другата страна на езерото, чие македонско население се иселило во војната. Поради ова, на пописот од 1951 г. Винени се води како напуштено[3], но нешто подоцна грчките власи во него населиле Власи — сточарски номади од Епир.[3] Нивниот број во 1961 г. изнесувал 122, па се намалил на 112 во 1971 г. Во 1981 г. населението нараснало на 137 лица, за повторно да се смали на 118 во 1991,[3] 116 во 2001 и 89 жители во 2011 г.

Според испитувањето од 1993 г. Винени било наполно влашко село, каде влашкиот јазик бил зачуван на средно ниво.[10]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 207 122 112 137 118 116 89
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Во Винени може да се посетат рушевините на старата средновековна црква „Св. Никола“, изградена во XIV век, денес проглсена за заштитен историски споменик.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βίνενι - Πύλη
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 144.
  4. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 356. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  5. Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
  6. Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"

Надворешни врски[уреди | уреди извор]