Огнило (село)
Огнило | |
---|---|
Координати: 40°44′N 21°04′E / 40.733° СГШ; 21.067° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Преспа |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Огнило — некогашно село во Преспанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Преспа, Западна Македонија, Грција.
Географија[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓало на југозападниот брег на Малото Преспанско Езеро, во близина на Трново.[1] Лежело на падината под возвишението Цуцуљ, во денешната месност Фоја.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Огнило е потопено во втората половина на XVII век поради покачување на езерската вода. Според Тодор Симовски, во исто време се поплавени и селата Бушкани и Драгумица[1], иако тие се иселени доста подоцна.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 166. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
|