Анета Попова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Анета Попова — македонска писателка, архитектка и ликовна ументичка.

Творештво[уреди | уреди извор]

Попова твори во повеќе медиуми: керамика, фото и видео-перформанс итн. Ги објавила следниве книги: „Најкратки раскази“ (2009), драмата „Капка“ (во соавторство, Љубљана, 2011) и драмата „Тринити“ (2013). Покрај тоа, таа е авторка на перформансите: „Landscapes: The four seaons“ (Грција, 2021), „Керамикопии — Денови во принудна самоизолација“ (Скопје, 2020), „Triptych — Time space feeling“ (Грција, 2020), „Olymp“ (Грција, 2019), како и на самостојната изложба „Квадрати на постоењето“ (Скопје, 2019).[1] Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 365.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 285-289.