Катализатор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Катализатор е секоја супстанција во хемијата која ги забрзува хемиските реакции, без притоа нејзиното количество при реакцијата да се измени. Хемиските реакции во кој учествува одреден катализатор се наречени реакции на катализа. Во случаи на хомогена катализа, катализаторот стапува во реакција со еден од реактантите (т.е. супстратот) и со него образува меѓупродукт. Дури потоа меѓупродуктот стапува во заемно дејство со другите реактанти за на крајот да се образуваат продукти. При хетерогена катализа, пак, честички од реактантите се атсорбираат на површината на катализаторот, а потоа таму се случува елементарен акт на хемиска трансформација.

Дијаграм на генерирана потенцијална енергија која што го покажува влијанието на катализаторот врз хипотетички екзотермната реакција


Реакција без катализатор:
A + B --> AB

Реакција со катализатор:

A + B + K --> [ABK]
[ABK] --> AB + K

Забрзувањето на хемиските реакции со присуство на катализатори е многу корисно, а каталитичките реакции наоѓаат широка примена. Практична важност имаат т.н. каталитички конвертори што се поставуваат на патот на издувните гасови кај автомобилите. Други, доста важни катализатори се биокатализаторите, наречени ензими, кои ги катализираат биохемиските реакции.