Џејмс Џул

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џејмс Прескот Џул
Joule James sitting.jpg
Џејмс Џул - Физичар
Роден 24 декември 1818(1818-12-24)
Салфорд, Ланкашир, Англија, ОК
Починал 11 октомври 1889(1889-10-11) (на 70 год.)
Сејл, Чешир, Англија, ОК
Државјанство Британец
Полиња Физика
Познат по Првиот Закон за Термодинамика
Влијание од Џон Далтон
Џон Дејвис

Џејмс Прескот Џул (англиски: James Prescott Joule; Салфорд 24 декември 1818 - Сејл, 11 октомври 1889) бил англиски физичар и пивар. Како син на богат пивар, неговото семејство го испрати (заедно со неговиот брат) да го подучува Џон Далтон. По зарвшувањето, како менаџер во пиварата на својот такто (која ја водел скоро целиот живот) размислувал за замена на парни машини со тогашниот нов изум, електричен мотор. Неговата научна работа се базира на проучувањето на топлината, и нејзината врска со електрицитетот и механиката. Во статијата која 1841. ја испратил во Кралското Друштво покажал дека проводник низ кој поминува електрична струја произведува топлина во количина која е пропорционална на отпорот на проводникот и квадратот на стујата која минува низ него. Овој феномен е познат како Џулов закон.

Преку експериментите покажал дека топлината и работата можат да се претвораат од едно во друго, чувајќи ја нивната кумулативна вредност. Имено, во механиката хидрауличните машини поради триењето дел од работата ја претвораат во топлина, а топлотните машини работата се добива преку величина еквивалентна на топлината. Овој Џулов принцип е познат како механички еквивалент на топлината, во која тој практично го покажал законот за одржување на термодинамичките системи. Овие негови резултати придонеле за дефинирање на првиот принцип на термодинамиката.

Со Лордот Келвин ја развил температурната скала.

Во негова чест денешна SI-единица за работа и енергија го носи името џул (симбол Ј, Џ).