Њутнови закони на движење

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

Њутновите закони на движење (Њутнови закони на динамиката) се три физички закони кои укажуваат на односот помеѓу силите кои делуваат на физичко тело и движењето на телото. Првпат се формулирани од Исак Њутн во неговото дело Philosophiae Naturalis Principia Mathematica од 1687 година. Овие закони ја чинат основата на класичната механика.

Прв Њутнов закон (закон за инерција)
Тела кои мируваат или се движат рамномерно праволиниски настојуваат да ја задржат таа состојба се додека на нив не дејствува некоја надворешна сила.
Втор Њутнов закон
Забрзувањето на едно тело е правопропорционално со силата која дејствува на него, а насоката на векторот на забрзувањето е иста со насоката на силата.
Трет Њутнов закон
За секоја акција (примена на сила) се јавува еднаква, но спротивна по насока реакција (сила со иста јачина и спротивна насока).