Томас Хаксли
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Томас Хенри Хаксли (анг. Thomas Henry Huxley; 4 мај, 1825 — 29 јуни, 1895) бил англиски зоолог, популаризатор на науката и заштитник на еволуционата теорија на Чарлс Дарвин (за своите жестоки полемики го добил прекарот ,,булдогот на Дарвин‘‘). Член (од 1883 до 1885 претседател) на Лондонското кралско здружение. Во 1890 година е награден со почесниот Линеов медал за продолжување на линеовите традиции во современата биологија.
Содржина |
Работа [уреди]
Неговите полиња на интерес биле поврзани со споредбената анатомија и можностите за нивна еволуциона интерпретација. Најдобро е познат по неговите дебати со Ричард Овен по прашањето за степенот на анатомска блискост на човеколиките мајмуни и човекот (илустрацијата од неговата работа за местото на човекот во природата долго време останала популарен симбол за дарвиновата теорија и прототип за многу слични илустрации и карикатури). Томас Хаксли ја бранел независноста на професионалната наука, изградена врз принципите на материјализмот. За да го опише својот однос кон господаречкото религиозно верување, тој го вовел поимот агностицизам.
Семејство [уреди]
Хаксли бил основач на цела династија од видни англиски учени и културни дејатели. Негови внуци биле писателот Олдос Хаксли, сер Џулијан Хаксли (познат еволуциски биолог, првиот директор на УНЕСКО и основач на Светскиот фонд за дивата природа) и сер Ендрју Хаксли (физиолог и Нобеловски лауреат).
