Атосекунда

Од Википедија — слободната енциклопедија

Атосекунда (крат. ас или as) е единица мерка за време според системот SI, еднаква на 10−18 секунда, т.е. еден квинтилионити дел од секундата).[1] За споредба, атосекундата во однос на секундата е исто што и секундата во однос на 31,71 милијарди години - двојно повеќе од староста на вселената[2][3].

Зборот „атосекунда“ е составен од претставката „ато“ (од дан. atten = осумнаесет) и SI-единицата секунда[4].

Една атосекунда е еднаква на 1000 зептосекунди, или 1/1000 фемтосекунда. Бидејќи следната поголема SI-единица за време е фемтосекундата (10−15 секунди), периодите од 10−17 секунди и 10−16 секунди се изразуваат о десетици или стотици атосекунди:

  • 1 атосекунда – времето што ѝ е потребно на светлината да пропатува должина на три водородни атоми.
  • 12 атосекунди – најкраток измерен временски интервал (2010).[5]
  • 24 атосекунди – атомската единица за време.
  • 80 атосекунди – досега најкратките изведени пулсирања на ласерска светлина[6]
  • 200 атосекунди (прибл.) – период на полураспаѓање на берилиум-8, најголемиот временски период на реакцијата на тројна алфа за синтеза на јаглеродот и потешките елементи во ѕвездите.
  • 320 атосекунди – времето што им е потребно на електроните да се префрлат од еден на друг атом.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „attosecond“. Memidex/WordNet Dictionary/Thesaurus. Посетено на 14 април 2011. (англиски)
  2. Снимено е движењето на електроните, 28 февруари 2008 (англиски)
  3. Истражување и приказ на атосекундата. Колку кратко трае? (англиски)
  4. Толкување на „ато“ - Wordinfo.info, 5 април 2007. проверено на 23 јануари 2011 (англиски)
  5. „Најкраткото контролирано време изнесува 12 атосекунди“. - Physorg.com (англиски)
  6. Најбрзиот фотоапарат направи слика на светлосен бран, 19 јуни 2008 – New Scientist, проверено на 23 јануари 2011 (англиски)
  7. Измерено времето што му треба на електронот да скокне од еден на друг атом – Физика и математика 20 јули 2005. New Scientist. проверено на 23 јануари 2011 (англиски)