Дефиниција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Дефиниција е изјава што ги содржи есенцијалните карактеристики на одредено нешто, или пак изјава што изедначува одреден поим со неговото значење.

Со помош на дефинициите се врши воведувањето на нови поими во науките. Дефиницијата се состои од два дела: она што се дефинира (лат. definiendum) и она што дефинира (лат. definiens). На пример во дефиницијата: Прав агол е аголот кој има 90 степени, definiendum е поимот прав агол, а definiens е исказот агол кој има 90 степени.

Самата дефиниција е некреативна, и оттрглива (излишна, непотребна) кога е во прашање развојот на науката. Во математиката, исправна, новововедена дефиниција не може да помогне во докажувањето на одредено тврдење (односно ако тоа е докажано со употреба на дефиницијта, тогаш истото може да се докаже и без новата дефиниција!). Ако во еден текст наместо прав агол секаде ја употребиме фразата агол кој има 90 степени, нема да дојде до никаква промена во суштината на тој текст. Поради ова дефиницијата се смета за некреативна.

Поимите најчесто се воведуваат, дефинираат преку логичка еквиваленција или релацијата еднаквост. Дека поимите (исказите, тврдењата) соодветствуваат по дефиниција (!!!) се бележи со знакот за еквиваленција (), додека во математиката при изедначување се користи знакот :=. Така се пишува:

  • квадрат ⇔ четириаголник со прави агли и еднакви страни
  • {n \choose k}:=\frac{n!}{k!(n-k)!} (биномен коефициент, читај: n над k)

Меѓутоа не сè може да се дефинира експлицитно. Во матамтиката познанието некои основни поими се потпира на интуиција, а не на дефиниција. Така на пример не се дефинира множество, точка, права ... овие поими се интуитивни. При изградба на одредена теорија, нивното постоење се гарантира преку аксиоми. Ваквите теории се наречени аксиоматски.