Гарда (езеро)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Езерото Гарда | |
|---|---|
|
|
|
| Координати | |
| Тип | глечерско езеро |
| Главен прилив | р. Сарка |
| Главен истек | р. Минцио |
| Површина на сливот | 2.350 km² |
| Земји во сливот | Италија, Швајцарија |
| Макс. должина | 51,9 km |
| Макс. ширина | 16,7 km |
| Површина | 370 km² |
| Прос. длабочина | 136 m |
| Макс. длабочина | 346 m |
| Водна зафатнина | 50,35 km³ |
| Проточност (на езерската вода) | 26,8 год. |
| Надм. височина на површината | 65 m |
Езерото Гарда (италијански Lago di Garda) е најголемото езеро во Италија. Се наоѓа во северниот дел од земјата, на полпат помеѓу Венеција и Милано. Езерото се наоѓа на преминот од алпскиот регион на Доломитите кон низината Ломбардија. Oформенo e од глечери при крајот на последното ледено доба. Езерото и неговото крајбрежје се поделени помеќу провинциите Верона (југоисточно), Бреша (југозападно) и Тренто (северно). Езерото е голема туристичка атракција, со голем број хотели, туристички населби и забавни паркови по брегот.
Стариот утврден град Сирмионе, кој се наоѓа на полуостров на јужниот брег од езерото е особено популарно туристичко место, каде се наоѓат бањите Вирџилио и Катуљо уште од римско време, како и бројни ресторани, барови, хотели, модни продавници и пазар. Живописниот замок Скалигер датира од XIII век. Римската вила била домот на поетот Катул. Сулфурниот извор на врвот на полуостровот е познат по својата способност да лечи заболувања, особено оние кај увото.
Интересно место е и северозападното село Лимоне. Ова место се прославило во 1979 кога таму бил откриен аполипротеинот А-1 МИЛАНО. Овој протеин, кој се наоѓал во крвта на луѓето родени во Лимоне, брзо ги чисти артериите од масти, кои потоа ги носи во црниот дроб, каде се елиминираат. Овој протеин е ефикасен против артериосклероза и инфаркт. Заради оваа состојка, мештаните живеат многу долго - неколку десетици селани доживеале над 100 години.
На југоисточниот брег, северно од гратчето Пескиера, се наоѓаат Гардаланд, Аква Парадајз и Канева Муви Студио едни од најпознатите паркови во Италија.
Крајбрежни места се: Сирмионе, Десенцано, Сало, Гардоне Ривиера, Тосколано-Мадерно, Гарњано, Лимоне, Монига, Паденгде сул Гарда во брескиската страна на езерото, Пескиера дел гарда, Лацисе, Бардолино, Гарда, Тори дел Бенако, Бренцоне, Малкесине на веронската страна на езерото, Рива дел гарда, Наго-Торболе на трентската страна на езерото.
Видете исто така[уреди]
Надворешни врски[уреди]
- Веб-камери на Гарда (англиски)
- Mondophoto.net над 250 фотографии од Сирмионе и езерото Гарда (англиски)
| „Lago di Garda“ на Ризницата |
| Оваа статија место во Италија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |