Комо (езеро)

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Комо
Комо - Поглед од планината Сан Примо
Поглед од планината Сан Примо
Комо -
Местоположба Ломбардија, Италија
Координати 46°00′N 9°17′EКоординати: 46°00′N 9°17′E
Главен прилив река Ада, река Мера
Главен одлив река Ада
Басенска површина 4,509 km² [1]
Земји на басенот Италија, Швајцарија
Макс. должина 46 km
Макс. ширина 4.5 km
Површина 146 km²
Просечна длабочина 154 m [1]
Макс. длабочина 410 m
Водна зафатнина 22.5 km³
Проточност (на езерската вода) 4.5 години [1]
Надм. височина на површината 198 m [1]
Острови Изола Комачина
Населени места Комо, Леко (видете во статијата)
Наводи [1]

Комо (италијански: Lago di Como или Lario) е езеро од глечерско потекло во Ломбардија, Италија. Зафаќа површина од 146 км² и со тоа е трето по големина во земјата, по Гарда и Маџоре. Со своите 410 м ова езеро е едно од најдлабоките езера во Европа и самото дно е 200 м подморска височина.

Езерото има многу интересен облик: како превртена буква „Y“. Северниот ракавец почнува од градот Колико, додека градовите Комо и Леко се наоѓаат на краевите на југозападниот, односно југоисточниот ракавец. Малите гратчиња Белаџо, Менаџо и Варена се наоѓаат кај крстопатот помеѓу трите ракава на езерото: ти се поврзани, меѓу другото, со тригајолна бродска превозна служба.

Во голем дел езерото го полни реката Ада, која се влива близу градот Колико а истекува кај градот Леко. Ова значи дека југозападниот ракавец е всушност ќорсокак бидејќи Комо, за разлика од Леко, често се поплавува. Убавината на езерото и околината привлекува многу богати луѓе и ѕвезди каде тие имаат вили.

Содржина

[уреди] Името на езерото

Вистинското италијанско име на езерото е Lario, но ова име ретко се употребува; Обично езерото се нарекува Lago di Como', што значи „Езеро Комо“.

[уреди] Крајезерски населени места

Паркот Мајер, јавна градина во Тремецо
Варена, на источниот брег на Комо
Населени места крај Комо
Западен брег
од север кон југ
Јужен брег
од запад кон исток
Источен брег
од север кон југ

Поглед на езерото од градот Комо

[уреди] Видете исто така

[уреди] Надворешни врски


Грешка во цитирање: Постојат <ref> ознаки, но нема <references/> ознака.