Артериосклероза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Артериосклероза
Крвен сад - наслаги и холестерол
СпецијалностПатологија
Причинителипушење, висок крвен притисок
Дијагностички методкрвна слика, ЕКГ
Третманзависно од степенот на артериосклерозата

Артериосклерозата е задебелување, стврднување и губење на еластичноста на ѕидовите на артериите.[1] Овој процес постепено го намалува протокот на крв кон органите и ткивата, и може да доведе до сериозни здравствени проблеми заедно со атеросклероза, која е специфична форма на артериосклероза предизвикана од масни наслаги, холестерол, и некои други материи во и на ѕидовите на артериите.[2]

Може да биде предизвикана од пушење, лоша исхрана или од повеќе генетски фактори. Атеросклероза, главната причина за коронарна артериска болест (КАБ) и мозочен удар, е пореметување со повеќе генетски и еколошки фактори на ризик. Генетско-епидемиолошки студии откриле изненадувачки долго список на генетски и негенетски фактори на ризик за КАБ. Сепак, таквите студии укажуваат на тоа дека семејната историја е најзначаен и независен фактор на ризик.

Симптоми[уреди | уреди извор]

Меѓу симптомите на артериосклероза се: ненадејна слабост, фацијална вкочанетост или вкочанетост на долните екстремитети, конфузија, тешкотии во разбирање на говорот како и проблеми со гледањето.

Патофизиологија[уреди | уреди извор]

Артериосклероза

Лезиите на артериосклерозата, започнуваат кога интимата (внатрешниот слој на ѕидот на крвните садови) на артерискиот ѕид ќе почне да се полни со таложење на клеточни отпадоци. Како овие почнуваат да се зголемуваат и да растат, тие можат да заземат различни форми на артериосклероза. Сите се поврзани преку заеднички одлики, како што се запушување на артериски крвни садови, задебелување на артериските ѕидови.

Артериосклерозата, за разлика од атеросклероза, е склероза која ги засега само малите артерии и артериоли, кои носат хранливи материи и кислород до клетките.[3]  Атеросклероза е стеснување на артериите со таложење на масни материи, отпадните материи кои стигнале преку крвта, наслаги од калциум и фибрин, во внатрешноста на артериит. Ова ги зафаќа големите и средните артерии; но, неговото позиционирање зависи од личност до личност.

Видовиː

  • Monckeberg е артериосклероза која се гледа најмногу кај стари лица, најчесто во артериите на екстремитетите.[4]
  • Хиперпластична артериосклероза е вид на артериосклероза што се јавува кај големи и средни артерии.[5] 
  • Хијална артериосклероза, се однесува на лезии кои се предизвикани од таложење на хомогени хијалини материи во малите артерии и артериоли.[6]

Дијагноза[уреди | уреди извор]

Дијагноза на артериосклероза може да биде врз основа на физички преглед, крвна слика, ЕКГ.[7]

Третман[уреди | уреди извор]

Третманот е најчесто во форма на превентивни мерки за профилакса. Лекови за третман на висок холестерол, лекови за лекување на висок крвен притисок (на пример, АЦЕ инхибитори),[8] се употребуваат за лекување на артериосклерозата. Промени во животниот стил, како што сеː зголемување на вежбање, прекинот на пушењето, и ги намалена доза на алкохол, исто така се препорачува како профилакса од артериосклероза.

АЦЕ инхибитор

Покрај медикаментозната терапија, постојат и оперативни методи за лекување:

  • Стент: Прво катетер се вметнува во блокираниот дел од артеријата, а потоа и балон. Балонот се полни исполнувајќи го луменот на садот и туркајќи ги депозитите кон артериските ѕидови. Потоа се става решеткаста цевка, за да се спречи артерија од повторно запушување .[9]
  • Коронарна артериска бајпас хирургија: Оваа операција создава нов пат за да тече крвта до срцето. Се зема здраво парче од вена, и хирургот го додава на коронарната артерија, над и под блокадата за да се овозможи нов пат.[10]
  • Ендотеректомија: Ова е општа постапка за хируршко отстранување на блокади од артеријата.[11]
  • Тромбоцитна терапија: е третман кој се користи за да ги растури тромбоцитските плаки во внатрешноста на артериите преку интравенско аплицирање на грутко-растворувачки лекови.[12]

Епидемиологија[уреди | уреди извор]

Во 2008 година, имаше проценка од 16 милиони атеросклеротички срцеви болести и 5,8 милиони срцеви удари. Кардиоваскуларни болести кои се предизвикани од артериосклероза, предизвикале речиси 812,000 смртни случаи во 2008 година, повеќе од која било друга причина, вклучувајќи го и ракот. Околу 1.2 милиони Американци се предвидува да имаат срцев удар секоја година.[13]

Историја[уреди | уреди извор]

Оваа болест можеби постои уште од античко време; меѓутоа, нејзината дијагностика и клинички импликации не беа познати до XX век. Терминот артериосклероза не се употребил се дур Жан Фредерик Мартин Лобстен не го измисли тоа, анализирајќи го составот на калцифицирани артериски лезии.[14]

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Името потекнува од грчките зборови αρτηρία, што значи артерија, и σκληρωτικός, што значи закорави.[15]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ""arteriosclerosis" at Dorland's Medical Dictionary
  2. „Atherosclerosis“. PubMed Health Glossary.
  3. Diehm, C.; Allenberg, J.-R.; Nimura-Eckert, K.; Veith, F. J. (2013-11-11). Color Atlas of Vascular Diseases. Springer Science & Business Media. ISBN 9783662062876.
  4. Mohan, Harsh (2012-11-30). Pathology Practical Book. JP Medical Ltd. ISBN 9789350902660.
  5. „hyperplastic arteriosclerosis“. Посетено на 2015-06-19.
  6. „hyaline arteriolosclerosis“. Посетено на 2015-06-19.
  7. „How Is Atherosclerosis Diagnosed? - NHLBI, NIH“. Посетено на 2015-06-19.
  8. „ACE inhibitors: MedlinePlus Medical Encyclopedia“. Посетено на 2015-06-19.
  9. „Angioplasty: MedlinePlus“. Посетено на 2015-06-19.
  10. „Coronary artery bypass surgery“.
  11. „Atherosclerosis -Treatment“. UK NHS. Посетено на 21 November 2013.
  12. „Thrombolytic therapy: MedlinePlus Medical Encyclopedia“. Посетено на 2015-06-19.
  13. „Atherosclerosis“. Посетено на 13 February 2015.
  14. Mayerl, Christina; Lukasser, Melanie; Sedivy, Roland; Niederegger, Harald; Seiler, Ruediger; Wick, Georg (2006). „Atherosclerosis research from past to present—on the track of two pathologists with opposing views, Carl von Rokitansky and Rudolf Virchow“. Virchows Archiv. 449 (1): 96–103. doi:10.1007/s00428-006-0176-7. PMID 16612625.
  15. Copstead-Kirkhorn, Lee-Ellen C.; Banasik, Jacquelyn L. (2014-06-25). Pathophysiology (англиски). Elsevier Health Sciences. стр. 322. ISBN 9780323293174. Посетено на 25 July 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П