Кардигански Залив

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Кардиганскиот Залив
Поглед на Кардиганскиот Залив

Кардиганскиот Залив (англиски: Cardigan Bay; велшки: Bae Ceredigion) е голем залив во Ирското Море, вовлечен на западното крајбрежје на Велс, помеѓу островот Бардси во грофовијата Гвинед на север и 'ртот Страмбл во грофовијата Пембрукшир на јужниот крај. Ова е најголемиот залив во Велс.[1]

Заливот има многу плажи и посебен морски свет. Крајбрежната патека на Кередигјон служи за набљудување на делфини, морски свињи и атлантски сиви фоки.[2] Во заливот живее најголемото население на клунести делфини во Велика Британија.[3]

Голем дел од копното околу заливот е плодно обработливо земјиште, прошарано со гратчиња, села и приморски летувалишта како Фишгард, Њу Ки, Аберајрон, Ланон, Абериствит, Борт, Абердифи, Тивин, Бармут, Портмадог и Пулхели на камбриското крајбрежје.

Во заливот се влеваат следниве позначајни реки: Гласлин, Тејфи, Рејдол, Дифи, Ајрон, Дисини и Маудах.

Сè до почетокот на XX век, Кардиганскиот Залив имал мошне развиена поморска индустрија. На вливот на реката Тејфи се наоѓа градот Кардиган, кој во своевремено бил поважно пристаниште од Кардиф. Во тој период, пристаништето на Кардиган имало заведено 300 бродови - седум пати повеќе од Кардиф и три пати повеќе од Свонзи.[4]

Поврзано [уреди]

Наводи [уреди]

  1. „Да го зачуваме Кардиганскиот Залив“ (англиски)
  2. Крајбрежна патека на Кередигјон (англиски)
  3. БиБиСи Вести - Велс (англиски)
  4. „Собирање на скапоценостите“ - портал за историјата и културата на Велс (англиски) (велшки)

Надворешни врски [уреди]