Список на острови во Балтичкото Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ова е список на острови во Балтичкото Море. Самото Балтичко Море на север се граничи со Ботниското Море и, уште понасевер, со Ботнискиот Залив, и истите не се сметаат за дел од морето. Од дефиницијата се исклучени и источните сливови на Финскиот и Ришкиот Залив. Пограничните острови се вклучени во списокот (Оланд, Хајлуото и Котлин), иако нивната припадност зависи од начинот на дефинирање.

Данските острови Зеланд (7.000 км², 2.200.000 жит.), Фунен (2,984 км² 400.000 жит.), Алс (312 км², 51.300 жит.) и Лангеланд (284 км², 13.300 жит.) се наоѓаат во данските протоци што го поврзуваат Балтичкото Море со Категат.

По големина[уреди]

  1. Готланд - 2.994 км²  Шведска
  2. Сарема - 2.673 км²,  Естонија
  3. Еланд - 1.342 км²,  Шведска
  4. Лоланд - 1.243 км²,  Данска
  5. Оланд (глав. остров) - 1.017 км²,  Финска
  6. Хиума - 989 км²,  Естонија
  7. Риген - 935 км²,  Германија
  8. Борнхолм - 588 км²,  Данска
  9. Кимитоен - 560 км²,  Финска
  10. Фалстер - 514 км²,  Данска
  11. Узедом - 445 км², поделен помеѓу  Германија и  Полска
  12. Волин - 265 км²,  Полска
  13. Мен (218 км²,  Данска
  14. Хајлуото - 201 км²,  Финска
  15. Муху - 198 км²,  Естонија
  16. Фемарн - 185 км²,  Германија
  17. Вермде - 181 км²,  Шведска

По население[уреди]

  1. Узедом - 76.500 жители, поделен помеѓу  Германија и  Полска
  2. Риген - 73.000 жители,  Германија
  3. Лоланд - 68.224 жители,  Данска
  4. Готланд - 57.381 жители,  Шведска
  5. Вермде - 48.000 жители,  Шведска
  6. Борнхолм - 44.100 жители,  Данска
  7. Фалстер - 43.537 жители,  Данска
  8. Лидинге - 43.400 жители,  Шведска
  9. Котлин - 42.800 жители,  Русија
  10. Сарема - 40.312 жители,  Естонија
  11. Еланд - 23.000 жители,  Шведска
  12. Оланд (глав. остров) - 22.000 жители,  Финска
  13. Волин - 17.000 жители,  Полска
  14. Фемарн - 14.000 жители,  Германија
  15. Мен - 12.000 жители,  Данска
  16. Хиума - 10.000 жители,  Естонија
  17. Муху - 1.822 жители,  Естонија

Поврзано[уреди]