Еланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Еланд

Карта на Еланд
Еланд се наоѓа во Шведска
Еланд (Шведска)
Географија
Местоположба Балтичко Море
Координати 56°44′ СГШ 16°40′ ИГД / 
Површина 1342 км²
Должина 137 км
Ширина 16 км
Макс. надм. височ. 55 м
Највисока точка Хегсрум
Земја
Округ Калмар
Општини Боргхолм и Мербилонга
Најголем град Ферјестаден (нас. 5 018)
Демографија
Население 24.640[1] (2009)
Густина 18,63 /км2
Народности Швеѓани
Гетлинге
Хумревет, северен Еланд
Грбот на Еланд

Еланд (швед. Öland ) е втор по големина остров во Шведска и најмалата традиционална покраина во земјата. Зафаќа површина од 1.342 км² и е сместен во Балтичкото Море, недалеку од крајбрежјето на Смоланд. Населението брои 25.000 жители,[1] но во 500.000 посетители за време на летната долгоденица. Од копното е одвоен со Калмарскиот Проток, преку кој се протега Еландскиот мост, изграден во 1972.

Управа[уреди]

Традиционалните покраини во Шведска немаат административна или политичка улога, туку постојат само како културно-историски целини. Еланд влегува во управниот округ Калмар (Kalmar län), а самиот се дели на две општини: Боргхолм and Мербилонга.

Историја[уреди]

Археолошките наоди укажуваат дека островот бил населен во 8000 п.н.е.. Ископините од старо камено време сведочат за присуството на ловци-собирачи.[2] Во раното камено време, доселениците преминале на островот преку леден мост што го поврзувал со копното преку Калмарскиот Проток.

Остатоците од живеалишта датираат од 6000 п.н.е., и тоа во неолитските населби Алби и други места низ островот. Кај Гетлинге, Хултерстад и други места се среќаваат гробишта што датираат од железното, па сè до викиншкото време поставени околу периметарот на местото, вклучувајќи камени бродови.

На островот се пронајдени деветнаесет кружни утврдувања („ратови“) од железното време, од кои само едно (кај Екеторп) е целосно ископано. Тврдината има дадено над 24.000 артефакти.

Населението на Еланд го споменува римскиот историчар Тацит во 98 г. и тоа под името „Авиони“ (Aviones):

По Лангобардите доаѓаат Ревдигните, Авионите, Англите, Варните, Евдосите, Сварините и Нујтоните, сите добро заштитени од реки и шуми. Овие племиња не се значајни по ништо особено, освен по тоа што сите ја почитуваат Нерта (Божицата Мајка). Веруваат дека таа се интересира за животите на луѓето и дека е присутна меѓу нив. На остров во морето има света корија во која чека света кола покриена со прекривка.[3]

Во текот на историјата, Еланд долго служел како кралско ловиште, особено местата Отенби и Халторп во средниот век.

Географија[уреди]

Еланд е втор остров по големина во Шведска и во минатото се делел на градови со повелба и пет стотини.

Населени места[уреди]

Факти[уреди]

  • Највисока точка: ридот Хегсрум (55 м)
  • Најголемо езеро: Хорнсхен [4]
  • Должина: 137 км
  • Ширина: 16 км (најширок дел)

Знаменитости[уреди]

Покрај археолошките наоѓалишта, позначајни историски места се Боргхолмскиот замок, изграден 1669-1681 од архитектот Никодемус Тесин Постариот за кралицата Хедвига Елеонора. Во близината се наоѓа и дворецот Солиден, кој е летниковец на кралското семејство.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Статистики податоци (31 декември 2009) - Централна статистичка служба (шведски)
  2. C. M. Hogan, The Stora Alvaret of Öland, Lumina Technologies, Aberdeen Library Archives
  3. Тацит, „Германија“.
  4. Кратки факти за Еланд (шведски)

Надворешни врски[уреди]