Крунуберг (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Крунуберг)
Прејди на: содржини, барај
Крунуберг
Kronobergs län
—  Округ  —

Грб

 
Земја Шведска
Админ. центар Векше
Управа
 • Управник Кристина Алсер
 • Совет Окружен совет на Крунуберг
Површина
 • Вкупна 8.458 км2
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно 183.988 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДП (ном.) 43.256 милиони круни (2004)
БДП/жит 245.000 круни
NUTS SE212

Крунуберг (шведски: Kronobergs län) — округ (län) во јужниот дел на Шведска. Се граничи со окрузите Сконе, Халанд, Јеншепинг, Калмар и Блекинге. Административен центар е градот Векше.

Покраина[уреди]

Крунуберг е географско средиште на покраината Смоланд. Постоечките граници на округот се исцртани во 1687 со отцепувањето на округот Јеншепинг.

Управа[уреди]

Управникот (Landshövding) на Крунуберг е сместен во Векше. Тој претседава со окружен одбор (Länsstyrelsen), кој има статус на владина агенција (од отсекот за самоуправа). Моментален управник е Кристина Алсер. Покрај ова, округот е и во надлежност на Окружниот совет на Крунуберг (Landstinget Kronoberg).

Општини[уреди]

Сите општини го носат името на нивниот административен центар, освен Упвиндиге, чијшто административен центар е местото Оседа.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]