Норботен (округ)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Норботен
Norrbottens län
—  Округ  —

Грб

 
Земја Шведска
Админ. центар Лулео
Управа
 • Управник Пер-Ола Ериксон
 • Совет Окружен совет на Норботен
Површина
 • Вкупна 98.911 км2
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно 248.421 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДП (ном.) 59.875 милиони круни (2004)
БДП/жит 236.000 круни
NUTS SE332
Националниот парк Стура Шефалет во западниот дел на Норботен.

Норботен (швед. Norrbottens län) е најсеверниот округ (län) во Шведска. Се граничи со округот Вестерботен на југозапад, Ботнискиот Залив на југоисток, окрузите Нурлан и Тромс (Норвешка) на северозапад и Лапонија (Финска) на североисток. Населението брои околу 250.000 жители (2002).

Името „Норботен“ може да се однесува и на истоимената покраина. Покраината Норботен го опфаќа само источниот дел од округот — внатрешниот дел е дел од покраината Лапонија (Лапланд).

Географија[уреди]

Норботен зафаќа речиси 14 од Шведска, но е мошне ретко населен. Ова особено важи за внатрешниот дел на Лапонија.

Климата е сурова поради северната географска положба. Меѓутоа лете деноот е долг и земјоделските култури узреваат за 2–3 месеци. Одгледувањето на житарки е важна стопанска гранка. Покрај ова застапени се и компирот и репката. Најважно растение е тревата, од која се добива сено за добитокот.

Поважни реки во Норботен (од север кон југ) се Турне, Луле, Каликс и Пите. Заеднички со округот Вестерботен се реките Скелефте и Уме. Други подолги реки (барем 100 км) што се влеваат право во морето се Сангис, Роне, Оби и Биске.

Историја[уреди]

Во Средниот век Норботен се сметал за „ничија земја“ поради големите пространства и слабата населеност (релативно мал број на Лапонци, Квени и племенски народи сродни на Финците). Шведските кралеви правеле напори да ја колонизираат и христијанизираат областа, но ова потрајало доста долго време. Дури и денес локалните малцинства ја имаат задржано својата култура и обичаи.

Природните ресурси (хидроенергијата, дрвената граѓа и рудите, особено железото) на Норботен одиграле клучна улога во индустријализацијата на Шведска во текот на XX век, што предизвикало масовни преселби на населението од север кон југ и обратно.

Култура[уреди]

Културата на Норботен во голема мера се разликува од шведската поради мешавината на народи (Лапонци, Финци и шведски доселеници) како и поради климатските услови. Во ова подрачје опстојуваат разни стари шведски и фински дијалекти и имаат многу говорници. Мештаните се сметаат за посебен народ.

Во крајбрежниот дел се сместени историските градови Лулео и Питео. Стариот дел на Лулео (оддалечен 10 км на север од денешниот градски центар) е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.

Лапонскиот, мејанкиели и финскиот јазик можат да се користат во делови од Норботен. Лапонскиот е службен малцински јазик во општините Арјеплуг, Јеливаре, Јокмок и Кируна. Финскиот го има истиот статус во општините Јеливаре, Хапаранда, Кируна, Пајала и Евертурнео.

Управа[уреди]

Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник. Норботен има и окружен совет.

Општини[уреди]

Norrbotten County.png

Во округот влегуваат следниве општини (од север кон југ, со население во 2002 г.)

покраина Норботен:

покраина Лапонија:

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]