Вестра Јеталанд (округ)
| Вестра Јеталанд Västra Götalands län |
|||
|---|---|---|---|
| — Округ — | |||
|
|||
| Земја | Шведска | ||
| Админ. центар | Гетеборг | ||
| Управа | |||
| • Управник | Ларс Бекстрем | ||
| • Совет | Регионален совет на Вестра Јеталанд | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 23.945 км2 | ||
| Население (31 март 2011)[1] | |||
| • Вкупно | 1.581.850 | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| БДП (ном.) | 386.538 милиони круни (2004) | ||
| БДП/жит | 376.900 круни (2010) | ||
| NUTS | SE232 | ||
Вестра Јеталанд (швед. Västra Götalands län) е округ (län) на западното крајбрежје на Шведска.
Овој округ е втор по населеност во земјата. Поделен е на 49 општини (kommuner). Населението брои 1.550.000 жители, или 17% од населението на Шведска. Административен центар е градот Гетеборг.
Основан е во 1998, со спојување на окрузите Елвсборг, Гетеборг и Бохус и Скараборг.
Содржина |
Покраини[уреди]
Окрузите во Шведска имаат поголемо значење од покраините. Првите се административно-политички и статистички единици, додека пак вторите имаат само историско значење.
Поради големината и неговото неодамнешно формирање, округот Вестра Јеталанд нема свои обележја и наследство како целина. Културно-историски знајачни се покраините што ги опфаќа: Вестерјетланд, Бохуслен и Далсланд. Во округот влегува и значен дел од покраината Халанд.
Соседни окрузи[уреди]
Вестра Јеталанд се граничи со окрузите Вермланд , Еребру , Естерјетланд , Јоншепинг и Халанд. Долж границата со Норвешка, Вестра Јетланд се граничи со окугот Естфол, езерата Ветерн и Венерн и протокот Скагерак.
Управа[уреди]
Основан е во 1998, со спојување на окрузите Елвсборг, Гетеборг и Бохус и Скараборг. Седиште на управникот е градот Гетеборг, додека пак политичката управа е сместена во Венерсборг. Управникот стои на чело на Окружниот административен одбор (Länsstyrelse).
Општини[уреди]
Наводи[уреди]
Надворешни врски[уреди]
- Регион Вестра Јеталанд (шведски) (англиски)
- Окружен административен одбор на Вестра Јеталанд (шведски)
|
|||||||