Седерманланд (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Седерманланд
Södermanlands län
—  Округ  —

Грб

 
Земја Шведска
Админ. центар Нишепинг
Управа
 • Управник Бу Шенберг
 • Совет Окружен совет на Седерманланд
Површина
 • Вкупна 6.061 км2
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно 270.981 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДП (ном.) 52.235 милиони круни (2004)
БДП/жит 202.000 круни
NUTS SE122
Södermanland County.png

Седерманланд (швед. Södermanlands län) е округ (län) на југоисточното крајбрежје на Шведска. Се граничи со окрузите Естерјетланд, Еребру, Вестманланд, Упсала, Стокхолм и Балтичкото Море. Административен центар е градот Нишепинг.

Ова е административна единица која ја опфаќа речиси сета историска покраина Седерманланд. Источните делови на покраината, (воглавно подрачјето на Седертерн) му припаѓаат на округот Стокхолм.

Денес Седерманланд е најбогатиот округ во Шведска, што се должи на финансиската моќ на градовите како Труса.

Управа[уреди]

Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.

Окружниот совет на Седерманланд (Landstinget Sörmland) е задолжен за здравството и јавниот превоз.

Општини[уреди]

Историја[уреди]

Покраината Седерманланд некогаш покривала три округа: Нишепинг, Грипсхолм и Ескилстунхаус. Во 1683 тие се обединиле во денешниот округ Седерманланд.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]