Халанд (округ)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Халанд
Hallands län
—  Округ  —

Грб

 
Земја Шведска
Админ. центар Халмстад
Управа
 • Управник Ларс-Ерик Левден
 • Совет Окружен совет на Халанд
Површина
 • Вкупна 5.454 км2
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно 299.606 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДП (ном.) 61.339 милиони круни (2004)
БДП/жит 221.000 круни
NUTS SE231

Халанд (швед. Hallands län) е округ (län) на западното крајбрежје на Шведска. Територијата приближно се совпаѓа со културно-историската покраина Халанд. Административен центар е Халмстад.

Се граничи со окрузите Вестра Јеталанд, Јоншепинг, Крунуберг, Сконе и заливот Категат.

Покраина[уреди]

Историската покраина Халанд ги има речиси истите граници како денешниот округ, освен дел од општината Хилте, која ѝ припаѓа на покраината Смоланд.

Управа[уреди]

Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.

Окружниот совет на Халанд (Landstinget Halland) е задолжен за здравството и јавниот превоз.

Општини[уреди]

Halland County.png

Населени места[уреди]

Еве ги петте најголеми населени места во округот Халанд:[2]

бр. Место Население
1 Халмстад 55.688
2 Варберг 26.041
3 Фалкенберг 18.972
4 Кунгсбака 17.784
5 Онсала 11.375

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]