Централна статистичка служба (Шведска)
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Централна статистичка служба | |
|---|---|
| Statistiska centralbyrån | |
| Зградата на службата во Еребру. | |
| Податоци за органот | |
| Седиште | Стокхолм и Еребру |
| Кадар | ~1.400 (2008)[1] |
| Раководител | Стефан Лундгрен, генерален директор |
| Матично одделение | Министерство за финансии |
| Портал | |
| scb.se | |
Централната статистичка служба (швед. Statistiska centralbyrån или SCB, меѓунар. име: Statistics Sweden) е владина агенција во Шведска задолжена за добивање, обработка и објавување на статички податоци во земјата. Службата датира од 1686 кога црковните парохи почнале да прибираат и евидентираат податоци за населението. Претходник на сегашната установа е Службата за табели (Tabellverket), основана во 1749. Денешното име е усвоено во 1858 г.
Агенцијата има околу 1.400 вработени. Сместена е во два града: Стокхолм и Еребру.[1] Установата објавува и службен статистички билтен.
Поврзано[уреди]
Наводи[уреди]
- ↑ 1,0 1,1 „Централна статистичка служба“. Национална енциклопедија., проверено на 14 јуни 2011 (шведски) (бара претплата)
Надворешни врски[уреди]
- Официјална страница (шведски)
| Оваа статија поврзана со Шведска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

