Вермланд (округ)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вермланд
Värmlands län
—  Округ  —

Грб

 
Земја Шведска
Админ. центар Карлстад
Управа
 • Управник Ева Ериксон
 • Совет Окружен совет на Вермланд
Површина
 • Вкупна 17.583 км2
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно 272.773 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДП (ном.) 59.497 милиони круни (2004)
БДП/жит 217.000 круни
NUTS SE311

Вермланд (швед. Värmlands län) е округ (län) во западниот дел на средна Шведска. Се граничи со окрузите Даларна, Еребру и Вестра Јеталанд во Шведска и норвешките окрузи Естфол, Акерсхус и Хедмарк на запад. Административен центар е Карлстад.

Покраина[уреди]

Историската покраина Вермланд ги има истите граници како денешниот округ, освен општините Карлскуга и Дегерфорс, кои му припаѓаат на округот Еребру.

Управа[уреди]

Округот е основан во 1779 со негово одделување од округот Нерке и Вермланд.

Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.

Окружниот совет на Вермланд (Landstinget i Värmland) е задолжен за здравството и јавниот превоз.

Општини[уреди]

Värmland County.png

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]