Естерјетланд (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Естерјетланд
Östergötlands län
—  Округ  —

Грб

 
Земја Шведска
Админ. центар Линшепинг
Управа
 • Управник Елизабет Нилсон
 • Совет Окружен совет на Естерјетланд
Површина
 • Вкупна 10.562 км2
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно 429.852 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДП (ном.) 97.387 милиони круни (2004)
БДП/жит 236.000 круни
NUTS SE123

Естерјетланд (швед. Östergötlands län) е округ (län) во југоисточна Шведска. Се граничи со округот Kalmar на југоисток, Јоншепинг на југозапад, Вестра Јеталанд на запад, Еребру на северозапад, Седерманланд на североисток и Балтичкото Море на исток.

Населението брои 429.852 жители, а административен центар е најголемиот град Линшепинг. Линшепинг и соседниот град Норшепинг заедно образуваат една од најголемите населени области во Шведска. Коридорот Линшепинг-Норшешинг се нарекува „четвртата метрополитенска област“ на Шведска, покрај областите на Стокхолм, Гетеборг и Малме.

Покраина[уреди]

Округот ја опфаќа поранешната покраина Естерјетланд во целост. Нивните граници се идентични.

Управа[уреди]

Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.

Окружниот совет на Естерјетланд (Landstinget i Östergötland) е задолжен за здравството и јавниот превоз.

Општини[уреди]

Östergötland County.png

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]