Норшепинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Норшепинг
Градската сала на Норшепинг
Норшепинг се наоѓа во Шведска
Норшепинг
Координати: 58°36′ СГШ 16°12′ ИГД / 
Површина
 • Вкупна 35,68 км2
Население (31 декември 2010)
 • Вкупно 87.247 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Портал norrkoping.se

Норшепинг (шве. Norrköping) е еден од поголемите градови во Шведска, поточно во нејзиниот југоисточен дел. Градот се наоѓа во рамките на Источнојетскиот округ, каде е втор град по значење. Норшепинг истовремено е и седиште на истоимената Општина Норшепинг.

Норшепинг е традиционален шведски центар за производство на ткаенини, па градот го нарекуваат и „Шведски Манчестер“ и „Шведски Пекинг“.

Во близина на Норшепинг сместен е аеродром Стокхолм-Скавства, кој е најзначаен аеродром во државата за нискотарифни летови.

Природни услови[уреди]

Градот Норшепинг се наоѓа во југоисточниот дел на Шведска и Скандинавски полуостров. Од главниот град на дравата, Стокхолм, градот е оддалечен 160км југозападно.

Релјеф[уреди]

Норшепинг се формирал на југоисточниот брег на Скандинавски полуостров, во бреговитата област Источна Јетска. Подрачјето на градот е бреговито, а надморската височина се движи помеѓу 5-80м.

Клима[уреди]

Климата во Норшепинг е претежно континентална под големо влијание на морето и крајните разгранети делови на топлата Голфска струја. Затоа зимите се благи, а летата се свежи во однос на дадената географска широчина.

Води[уреди]

Норшепинг се формирал на реката Мотала Стрем, која 2 км источно се влева во Балтичко Море, поточно во неговиот залив Бровикен. Моќта на реката, која на места прави и неколку водопади, некогаш била главна алка за покренувањето на градските погони. Западно од градот сместено е езерото Глен. Околу градот има низа од мали езера.

Историја[уреди]

Подрачјето на Норшепинг било населено уште во периодот на среден век, кога тука се населиле занаетчии кои ги користеле водопадите на реката Мотале Стрем зза добивање на работна енергија. Првиот извор за населбата датира од 1283 година. Во почетокот на 14 век Норшепинг добива статус на град.

Во средниот век, многу војни се одиграле на подрачјето на градот. Последица на тоа е дека ништо од средновековниот Норшепинг не е сочувано. На пример, во 16 век целиот јужен дел од градот е запален, па повторно изграден. Подоцна, во 1655 и 1719 година, градот го спалуваат Руси во големата Нордска војна. Во 1822 и 1826 година градот повторно гори, па затоа подоцна се забранети дрвени куќи.

Во втората половина на 19 век, со доаѓањето на индустријата и железниците, Норшепинг доживува преродба. Ова благостостојба трае и ден денес.

Население[уреди]

Норшепинг денес е град со средна големина за шведските услови. Градот има околу 87,000 жители (податок од 2010 година), а градското подрачје, т.е. истоимената општина има околу 141,000 жители (податок од 2012 година). Последните децении бројот на населението во градот полека, но сигурно се зголемува.

До средината на 20 век Норшепинг е населен со исклучиво етнички Швеѓани. Меѓутоа, со честите доселувања во Шведска, населението станува се шаренолико.

Стопанство[уреди]

Денес Норшепинг е современ град со посебно развиена индустрија (автомобилска индустрија, ИТ, машинска индустрија, обработка на дрво, производство на мебел). Последните две децении посебно се развиваат трговијата, услугите и туризмот.

Галерија[уреди]

Извори[уреди]

Надворешни врски[уреди]