Линшепинг

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Линшепинг
Главниот плоштад во Линшепинг
Линшепинг се наоѓа во Шведска
Линшепинг
Координати: 58°24′ СГШ 15°37′ ИГД / 
Површина
 • Вкупна 42,16 км2
Население (31 декември 2010)
 • Вкупно 104.232 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Портал www.linkoping.se

Линшепинг е еден од поголемите градови во Шведска, поточно во југоисточниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на Источнојетскиот округ и е негово управно седиште и најголем град. Линшепинг истовремено е и седиште на самата општина Линшепинг.

Линшепинг е еден од поголемите шведски универзитетски градови. Градот е и едно важно верско седиште со голем и познат соборен храм.

Природни услови[уреди]

Градот Линшепинг се наоѓа во источниот дел на Шведска и Скандинавски полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, градот е оддалечен 200км југозападно.

Релјеф: Линшепинг се равил во натрешноста на Скандинавски полуостров, во областа Источна Јетска. Подрачјето на градот е бреговите, а надморската височина се движи од 40 до 80м.

Клима: Климата во Линшепинг е претежно континентална под големо влијание на морето и крајните разгранети делови на топлата Голфска струја. Затоа зимите се благи, а летата се свежи во однос на дадената географска широчина.

Води: Линшепинг се развил на реката Стонгон, која 3 километри северно се влева во езерото Роксен. реката го дели градот на поголем, зпаден и мал, источен дел. Околу градот има низа од мали езерца.

Историја[уреди]

Подрачјето на Линшепинг било населено уште во времето на праисторијата. Се претпоставува дека тогаш на даденото место се случувале племенски собири.

Провото постојано населено место на даденото подрачје се јавува во раниот среден век. Првиот спомен на населбата е поврзан за 1104 година, кога тука се јавило седиштето на епископијата. Во 1128 година, тука се подигнал и еден од насјтарите манастири во денешна Шведска. Во 1327 година, покрај црквата била отворена и гимназија, најстарата во Шведска.

Линшепинг во 1287 година ги добил градските права, како едно од првите во државата.

Во втората половина на 10 век, со доаѓањето на индустријата и железницата, Линшепинг доживува преокрет. И покрај тоа, градот не бил меѓу најголемите во државата се до средината на 20 век, кога тука се појавила авотомобилската индустрија „СААБ“ во 1937 година. Тогаш започнал нов преокрет во градот. Ова благосостојба трае и ден денес.

Население[уреди]

Линшепинг е една од неколкуте шведски градови со повеќе од 100.000 жители. Градот има околу 104.000 жители (податок од 2010 година), а градското подрачје, т.е. истоимената општина има околу 147.000 жители (податок од 2012 година). Последните децении бројот на населението во градот константно расте.

До средината на 20 век Линшепинг бил населен со исклучително етнички Швеѓани, а со подоцнежните доселувања во Шведска, населението на градот станало шарено.

Стопанство[уреди]

Денес Линшепинг е современ град со посебно развиена индустрија (машинска, ИТ, прецизна механика и сл.). Последните две децении посебно се развиваат трговијата, услугите и турозмот.

Галерија[уреди]

Извори[уреди]

Надворешни врски[уреди]