Готланд (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Готланд
Gotlands län
—  Округ  —

Грб

 
Земја Шведска
Адм. центар Висби
Управа
 • Управник Сесилија Шелин Сејдегорд
 • Совет Општина Готланд
Површина
 • Вкупна 3.184 км2
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно 57.203 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДП (ном.) 12.154 милиони круни (2004)
БДП/жит 212.000 круни
NUTS SE214

Готланд (швед. Gotlands län) е округ (län) во Шведска. Самиот остров Готланд е најголемиот во земјата и е сместен во Балтичкото Море, источно од поблискиот остров Еланд. Окрузите во Шведска обично се делат на општини, но округот Готланд е единствен во државата што има само една општина (Готланд) и нема окружен совет. Задачите на окружниот совет ги врши општината. Ова главно подразбира здравство и јавен превоз. Меѓутоа округот има окружен административен одбор, кој е државен орган. Одборот и општината се сместени во најголемото населено место на островот — градот Висби (22.000 жители).

Покраина[уреди]

Округот во Шведска е чисто административна единица наменета за политичко-управни цели. Поранешната покраина Готланд ја опфаќала истата површина од 3184 км² [2] (3151 км² без езера и реки).

Управа[уреди]

Административниот одбор го назначува владата и има за цел да усогласува да го сообразува управните работи со државните политички цели на земјата зацртани во парламентот и владата, да ги застапува интересите на округот, да го развива, да определува негови сопствени цели и да ги контролира правните работи. На чело на административниот одбор стои гувернер.

Готланд е единствениот округ во земјата што нема окружен совет и што има само едена општина и еден повикувачки број.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]