Даларна (округ)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Даларна
Dalarnas län
—  Округ  —

Грб

 
Земја Шведска
Админ. центар Фалун
Управа
 • Управник Марија Норфалк
 • Совет Окружен совет на Даларна
Површина
 • Вкупна 28.194 км2
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно 276.770 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДП (ном.) 62.604 милиони круни (2004)
БДП/жит 226.000 круни
NUTS SE312

Даларна (швед. Dalarnas län) е округ (län) во средна Шведска. Се граничи со окрузите Јемтланд, Јевлеборг, Вестманланд, Еребру и Вермланд во Шведска, а на запад со норвешките окрузи Хедмарк и Јужен Тренделаг. Административен центар е градот Фалун.

Округот ја опфаќа историската покраина Даларна, која денес има само културно-историско значење.

Историја[уреди]

Во историјата, територијата на Даларна повремено влегувала во територијата на управникот на Вестерос. Во 1634 е донесена одлука Даларна да има свој округ и управник. Така во 1647 со кралски указ е создаден округот Копарберг (Kopparbergs län)[2] кој во 1997 е преименуван во Даларна, според покраината.

Управа[уреди]

Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник. Еребру има и окружен совет.

Окружниот совет на Даларна (Landstinget Dalarna) има задача да се грижи за здравството и јавниот превоз.

Општини[уреди]

Општини во Даларна

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]