Норботен

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Норботен
Norrbotten

Знаме
Земја Шведска
Крај Норланд
Округ Норботен
Површина
 - Земјишна 26,671 km2 (10,3 sq mi)
Население (2009)[1]
 - Вкупно 192.542
Народ
 - Наречје норландски
Култура
 - Двет арктичка малина
 - Животно сибирска сојка
 - Птица
 - Риба мала белица
Часовен појас CET (UTC+1)
 - Лете (DST) CEST (UTC+2)
Пошт. бр.

Норботен (швед. Norrbotten = „Северна Ботнија“) е покраина (landskap) во најсеверниот дел на Шведска. Се граничи со Вестерботен на југ, Лапонија на запад и Финска на исток.

Содржина

[уреди] Управа

Традиционалните покраини во Шведска немаат административна и политичка улога, туку претставуваат само културно-историски целини. Меѓутоа во овој случај округот е постар од покраината. Со создавањето на Големото војводство Финска како дел од Русија, се јавило потреба од формирање на нов округ. Така, во 1810 е создаден округот Норботен, сочинет од северните делови на Лапонија и Вестерботен. Со текот на времето северен Вестерботен прераснал во посебна покраина.

[уреди] Историја

Во Средниот век Норботен се сметал за „ничија земја“ поради големите пространства и слабата населеност (релативно мал број на Лапонци, Квени и племенски народи сродни на Финците). Шведските кралеви правеле напори да ја колонизираат и христијанизираат областа, но ова потрајало доста долго време. Дури и денес локалните малцинства ја имаат задржано својата култура и обичаи.

Историски, под „северна Шведска“ се подразбирале покраините Вестерботен и Лапонија.

Грбот ги симболизира четирите големи реки во Норботен што се одлуваат во Ботнискиот Залив: Турне, Каликс, Луле и Пите.

Летата се необично топли за една ваква северна област, дотолку што во покраината е забележана највисоката температура во целиот Норланд (+37°C).

[уреди] Население

Норботен има 192.542 жители[1] кои живеат на површина од 26.671 км², што значи густината изнесува 7,2 жители на км².

[уреди] Култура

Покраината има над 8.000 археолошки наоѓалишта. Се говорат повеќе јазици: шведски, мејанкиели, фински и лапонски. Некои говорници на мејанкиели постепено почнале да сметаат дека припаѓаат на народот Квени, кои се доселиле во подрачјето многу порано од шведските доселеници.

Црковното село Гамелстад близу Лулео е прогласено за светско наследство на УНЕСКО.

[уреди] Наводи

[уреди] Надворешни врски


67°00′N 20°00′E / 67°N 20°E / 67; 20

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици