Смоланд
| Смоланд Småland |
|||
|---|---|---|---|
|
|||
| Земја | Шведска | ||
| Крај | Јеталанд | ||
| Окрузи | Крунуберг Калмар Јоншепинг Халанд Естерјетланд |
||
| Површина | |||
| • Вкупна | 29.400 км2 | ||
| Население (2009)[1] | |||
| • Вкупно | 720.358 | ||
| Народ | |||
| • Наречје | смолендско | ||
| Култура | |||
| • Цвет | линеја | ||
| • Животно | видра | ||
| • Птица | дрозд пејач | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| Пошт. бр. | 33000–34000 | ||
| Повик. бр. | 0372 0433 0459 0470–0478 0480–0493 |
||
Смоланд (швед. Småland ) е историска покраина (landskap) во јужна Шведска. Се граничи со покраините Блекинге, Сканија, Халанд, Вестерјетланд, Естерјетланд и островот Еланд во Балтичкото Море. Името буквално значи „мали краишта“.[2] Највисока точка е врвот ридот Томтабакен со 377 м.
Содржина |
Управа [уреди]
Традиционалните покраини во Шведска немаат административна или политичка улога, туку постојат само како културно-историски целини. Покраината е поделена помеѓу три управни округа: Јоншепинг, Калмар и Крунуберг, со мали делови во окрузите Халанд и Естерјетланд.
Население [уреди]
Смоланд има население од 720.358 жители распоредени во пет окрузи:[1]
| Округ | Население |
|---|---|
| Јоншепинг (претежно) | 318.343 |
| Калмар (претежно) | 208.999 |
| Крунуберг (сосема) | 183.162 |
| Халанд (периферно) | 7.081 |
| Естерјетланд (периферно) | 2.773 |
Географија [уреди]
Во пределите преовладува шумовита висорамнина, каде почвата е помешана со песок и камења и затоа е гола и непогодна за земјоделство. Единствен исклучок се крајбрежните делови како Калмарската Рамница. Во покраината изобилуваат езера и блата. Брегот го карактеризираат разни острови и заливи на север и обработена рамница на југ.
Најголеми градови се Јоншепинг (на северозапад), Векше (на југ) и Калмар на источното крајбрежје близу островот Еланд.
Историја [уреди]
Подрачјето на Смоленд е населено во камено време и тоа пред 6000 п.н.е., кога доселениците Алби преминале ледениот мост преку Калмарскиот Проток.
Името Смоланд („мали краишта“) се должи на фактот што подрачјето во минатото постоеле неколку независни краишта: Кинда (денес дел од Естерјетланд), Твета, Виста, Ведбо, Шуст, Севеде, Аспеланд, Хандберд, Мере, Веренд, Финведен и Њудунг. Во викиншката ера и раниот среден век секој од нив имал свои закони и можел да се прогласи за неутрален во војните на Шведска, барем кога немало присуство на кралска војска во собраниската расправа. Околу 1350, за време на кралот Магнус Ериксон е донесен државен закон со кој покраините изгубиле голем дел од нивната независност.
Калмар е еден од најстарите градови во Шведска. Во средниот век бил најјужниот град во земјата и трет по големина Во тој период бил центар на железарството.
Национални паркови [уреди]
Смоланд има три национални парка:
Личности [уреди]
Во местото Елмхулт е роден прочуениот ботаничар Карл фон Лине (1707–1778), наречен „татко на таксономијата“. По себеси го нарекол цвеќето Линеја (Linnaea borealis), кое потоа станало симбол на покраината.
Во истото место е роден и претприемачот Ингвар Кампрад, основач на IKEA.
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 Статистички податоци - Централна статистичка служба (шведски)
- ↑ Encyclopaedia Britannica; Micropaedia Volume IX (1974) стр. 278
- „Смоланд“ - Нордиска семејна книга (1917) (шведски)
Надворешни врски [уреди]
- Посетете го Смоланд - официјален туристички портал (шведски) (германски) (англиски)
|
|||||||

