Видра
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
| Видра | |
|---|---|
| Евроазиска видра | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Animalia |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Цицачи |
| Ред: | Месојадци |
| Фамилија: | Mustelidae |
| Потфамилија: | Lutrinae |
| Родови | |
Видрата припаѓа на фамилијата на куни, добро е прилагодена за живот во слатки води. Познати се како екстремно вешти пливачи.
Содржина |
Изглед[уреди]
Видрите имаат цврсто и многу подвижно тело. Градбата на телото им е добро приспособена за нуркање. Во вода можат да издржат многу долго време, а за ловење на пленот се служат со нивните остри и силни заби.
Младите научуваат да пливаат на возраст од околу 80 дена, кога крзното ќе им порасне доволно и ќе стане водоотпорно. Пред тоа тие се невешти во водата заради мекото крзно и практично се плашат од вода, така што во периодот кога треба да почнат да пливаат, мајката најчесто насила ги турка во водата додека не се научат.
Исхрана[уреди]
Видрите пред сè се хранат со риба. Претежно се активни ноќе, иако понекогаш ловат и во текот на денот. Во ловот не се пребирливи и по правило го ловат пленот што најлесно може да се фати во моментот. Сепак, омилена храна им се јагулите. Често го тераат пленот во теснец обраснат со трева и го напаѓаат одозгора со своите силни и остри заби. Покрај риба, се хранат и со ракови, водени инсекти, жаби, птици, а понекогаш и со млади зајци. Видрите се прилично плашливи, воздржливи животни кои живеат осаменички живот. Ловат и се хранат во бистри и плитки потоци, а пожелно е тие потоци да се обраснати со зеленило и да се во близина на поплавни подрачја. За видрите сепак најважно е водата да е бистра и бреговите да нудат можност за криење. Во потрага за храна видрите често знаат да се селат од едно во друго речно подрачје, при тоа често преминувајќи големи растојанија.
Размножување[уреди]
Најчесто се парат во рана пролет, и женките котат до 3 млади. Видрата е загрозена поради загадување на водите и загубата на живеалиштата, но и затоа што се лови поради нејзиното крзно.
Распространетост[уреди]
Видови[уреди]
Род Lutra
- Европска видра (Lutra lutra)
- Длакава видра (Lutra sumatrana)
Род Lutrogale
- Мазна индиска видра (Lutrogale perspicillata)
Род Lontra
- Северна речна видра (Lontra canadensis)
- Јужна речна видра (Lontra provocax)
- Неотропска видра (Lontra longicaudis)
- Крајбрежна видра (Lontra felina)
Род Pteronura
- Голема видра (Pteronura brasiliensis)
Род Aonyx
- Јужноафриканска безнокта видра (Aonyx capensis)
- Ориентална кратконоткта видра (Aonyx cinerea)
Род Enhydra
- Морска видра (Enhydra lutris)