Онгерманланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Онгерманланд
Ångermanland

Знаме
Земја Шведска
Крај Норланд
Окрузи Вестернорланд
Јемтланд
Вестерботен
Површина
 • Вкупна 19,507 км2
Население (2009)[1]
 • Вкупно 132.689 жит.
Народ
 • Наречје онгерманландско
Култура
 • Цвет љубичица
 • Животно дабар
 • Птица
 • Риба белица
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Пошт. бр.

Онгерманланд (швед. Ångermanland ) или Ангерманија е историска покраина (landskap) на северот на Шведска. Се граничи со покраините Меделпад, Јемтланд, Лапонија, Вестерботен и Ботнискиот Залив. Името Ångermanland доаѓа од старонордискиот збор „ангер“, што значи длабок фјорд, и се однесува на длабокото устие на реката Онгерман.

Управа[уреди]

Традиционалните покраини во Шведска немаат административна и политичка функција, туку постојат само како културно-историски целини. Покраината е поделена ја делат окрузите Вестернорланд (главнината) и Вестерботен и Јемтланд (помали делови).

Географија[уреди]

Онгерманланд е шеста покраина по големина во земјата, со површина од 19.500 км² (колку Велс). Околу 1.000 км² се водни површини.

Западниот дел на Онгерманланд го карактеризира течението на реката Онгерман. Земјиштето во покраината е пресиромашно за земјоделски активности, но во поречјата на Онгерман и другите реки се протегаат полиња и насади.

Крајбрежјето има облик на архипелаг со појас од заливи, каде се наоѓа устието на реката Онгерман. Овој крај се смета за мошне живописен, особено во густо пошуменото подрачје Одален околу реката. Теренот е разновиден, со долини, карпи и мочуришта.

Најголемо населено место е крајбрежниот град Ерншелдсвик со 25.000 жители. Втор по големина е Хернесанд со 18.000.

Највисока планина во покраината е Бункфјелет (740 м), а најголемо езеро е Тошен (49 км²)[2]

Во покраината се наоѓа националниот парк Скулескоген.

Крајбрежјето на Ботнискиот Залив, наречено Хега Кустен („Висок Брег“), е прогласено за светско наследство на УНЕСКО. Тлото се искачува по еден сантиметар годишно, како последица од последното Ледено доба кое траело до VII милениум п.н.е.

Население[уреди]

Онгерманланд има 132.689 жители [3]. Населението е распределено во три округа:[1]

Округ Население
дел од Вестернорланд 119.459
дел од Вестерботен 9.996
дел од Јемтланд 3.234

Историја[уреди]

Онгерманланд за прв пат се среќава во 1170 во Historia Norwegiæ како „Ангариуам“ (Angariuam). Се смета дека областа е христијанизирана во XII век, врз основа на пронајдените рунски камења од XI век. Во 1398 браќата-пирати Витали извршиле опсада на тврдината Стиресхолм и го зазеле целиот брег на Нордланд. Во 1434 твдината е урната од мештаните во текот на Енгелбректското востание. Во 1490 подрачјата на Онгерманланд, Алир, Сундед, Норданстиг и Меделпад ја сочинувале покраината Стурхелсингланд. Хернесанд станал град во 1585. Во 1721 руската морнарица го запалила до темел, по што тој е обновен.

Во немирите во 1931 се застрелани четири демонстранти и еден минувач, што го предизвикало т.н. Одалски бунт. Како последица од бунтот е формирана државна полиција, одземајќи ѝ ги полициските должности на војската. Долен Норланд го добил првиот универзитет во 2005 со прогласувањето на Високата школа на Средна Шведска за универзитет (Mittuniversitet). Универзитетот има ограноци во четири града: Хернесанд Сундсвал, Ерншелдсвик и Естерсунд.

Градови[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Онгерманланд - Централна статистичка служба (шведски)
  2. Факти за долината на Тошен - Östersunds-Posten (шведски)
  3. 31 декември 2009

Надворешни врски[уреди]